Самоил (село)

(Пренасочено од Самoил (село))

Самоил (бугарски: Самуил) — село во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Самоил во Разградската Област. Има население од околу 1.527 жители (2022).[1]

Самоил
Самуил
село
Самоил is located in Бугарија
Самоил
Самоил
Местоположба на Самоил во Бугарија
Координати: 43°30′38.56″N 26°44′16.87″E / 43.5107111° СГШ; 26.7380194° ИГД / 43.5107111; 26.7380194Координати: 43°30′38.56″N 26°44′16.87″E / 43.5107111° СГШ; 26.7380194° ИГД / 43.5107111; 26.7380194
ЗемјаБугарија
ОбластРазград
ОпштинаСамоил
Управа
 • ГрадоначалникЏевдет Азис (ДПС)
Површина
 • Вкупна13,731 км2 (5,302 ми2)
Надм. вис.&10000000000000501000000501 м
Население (2022)
 • Вкупно1,527
 • Густина110/км2 (290/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код7454
Повик. бр.+359 08477
Мреж. местоsamuil.bg

Географија Уреди

Селото се наоѓа на Лудогорската висорамнина среде Самоиловите височини. Тоа е важен железнички јазол.

Историја Уреди

Старото име на селото било Ашиклар или ’ш’клар по турски. Во периодот 1866-1867 година со изградбата на железничката линија на правецот ВарнаРусе, малата населба Ашиклар станала станица од големо значење за околината. По Ослободувањето на Бугарија во селото се населиле и Бугари. Во 1934 година со министерска наредба селото било преименувано во Самоил.[2]

Во 1948 година започнала изградбата на првата „републиканска железница“, за градовите Исперих, Дулово и Силистра (првично била изградена само до Дулово, подоцна со текот на времето била проширена до Силистра), што дополнително го зајакнало значењето на селото Самоил за реонот и неговиот економски развој. Така, блиските села Хрсово, Гољама Вода и Богданци имаат постојки на новоизградената железничка линија, а тука патниците можат да се поврзат со возови во сите три правци Силистра, Варна и Русе.

Културни и природни обележја Уреди

  • Статуата на цар Самоил во чест на кого е именувано селото, која се наоѓа во центарот во близина на железничката станица.
  • шумата „Колчакова корија“

Наводи Уреди

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Мичев, Николай. Речник на имената и статута на населените места в България 1878 – 2004. София, ИК „Петър Берон: Изток-Запад“, 2005. ISBN 954-321-071-3.

Надворешни врски Уреди