Исперѝх (бугарски: Исперих) — град во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Исперих во Разградската Област. Има население од околу 8.523 жители (2022).[1]

Исперих
Исперих
град
Поглед на централниот дел на градот
Поглед на централниот дел на градот
Исперих is located in Бугарија
Исперих
Исперих
Местоположба на Исперих во Бугарија
Координати: 43°43′13″N 26°49′41″E / 43.720379° СГШ; 26.828106° ИГД / 43.720379; 26.828106
ЗемјаБугарија
ОбластРазград
ОпштинаИсперих
Управа
 • ГрадоначалникБелгин Шукри (ДПС)
Површина
 • Вкупна35,73 км2 (13,80 ми2)
Надм. вис.&10000000000000241000000241 м
Население (2022)
 • Вкупно8,523
 • Густина240/км2 (620/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код7400
Повик. бр.+359 08431
Мреж. местоisperih.bg

Географија и местоположба

уреди

Исперих се наоѓа во западната половина на Лудогорието. Градот се наоѓа на 35 километри североисточно од регионалниот центар Разград и на 382 километри од главниот град Софија.

Историја

уреди

Земјите околу денешниот град Исперих биле населени со различни цивилизации уште од времето на тракиските племиња (4-5 п.н.е.). Доказ за тоа е тракискиот град Хелис (Хелиос), кој денес е дел од историско-археолошки резерват „Сборјаново“. Зачувани се гробници на тракиски владетели, ѕидини на тврдини, верски објекти и бројни артефакти. Доказ за уникатноста на ова место е фактот што е едно од десетте бугарски локалитети на листата на УНЕСКО.

За потеклото на Исперих како самостојна населба нема многу информации. Се претпоставува дека градот се развил како место за панаѓури и размена на стоки. За време на Отоманската Империја се нарекувал Кемаллар (Кемаалар, Кеманлар[2], Каменлар[3]). Со доаѓањето на првиот доселеник Кемал и неговото семејство, населбата долги години го носела неговото име — Кемаллар (луѓето на Кемал). Во прилог на мислењето дека селото го добило името по доселеникот Кемал, за него постои легенда која била зачувана. Гробот на Кемал Баба останаl запаметен и пренесен низ генерациите, а неговата надгробна плоча се наоѓа на старите гробишта на западниот раб на градот.

Според друга хипотеза, името Кеманлар потекнува од „кемане“ (виолина) и на турски значи „виолинисти“. Според оваа верзија, првите доселеници на ова место биле Бугарите гадулари — скитници музичари.

Во 1960 година бил прогласен за град. Го носи името на Канот Аспарух — основачот на бугарската држава, чие име се изговара и како „Исперих“.

Наводи

уреди
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. ДА – Разград, ф. 3K, о. 1. Околийско управление – с. Кеманлар (1882 – 1901)
  3. Иван Христов (1995). Българското опълчение 1877 – 1878: Биогр. и библиогр. справ. 1. Казанлъшка искра. стр. 175.

Надворешни врски

уреди