Сарамурово
Сарамурово (или Саламурово, Сари Омер; грчки: Σαρή Ομέρ) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Порано било населено исклучиво со Македонци.[1]
Сарамурово Σαρή Ομέρ | |
---|---|
Координати: 40°44.30′N 22°48.20′E / 40.73833° СГШ; 22.80333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Надм. вис. | 12 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар меѓу селата Бугариево и Ингилизово. Лежело на патот од Шамли до Бугариево.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Сарамурово било чифлик во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарамурово (Saramourovo) било село со 25 домаќинства сочинети од 120 Македонци.[3][4]
Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 120 Македонци христијани.[3][5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сарамирово (Saramirovo) имало 128 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[3][6]
Според пописот од 1905 г. во селото имало 85 Македонци, сите под егзархијата.[2][3]
Во 1910 г. Сари Умер (Σαρί Ουμέρ) е заведено како село со 85 жители со сопствена национална свест и негрчка верска припадност.[7]
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Сарамурово се состоело од 20 македонски куќи.[8]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Сарамурово е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. населението броело 84 лица кои во 1920 г. се свеле на само 20.[1] во 1920-тите населението се иселило во Бугарија, а на негово место се доведени Грци од Понд и Источна Тракија. Така, во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско, со 5 семејства сочинети од 16 лица.[9] Според други извори, таа година Сарамурово имало 28 жители.[1]
Малку подоцна населенито го напуштило селото поради отсуството на услови за нормален живот.[1]
Личности
уреди- Атанас Милушев Николов - Живко (20 мај 1908 - 1944) — иселеник во Пловдив со семејството за време на Првата светска војна, работи като арматурист, член на БКП от 1935 г., организира стачки на строителните работници, през зимата на 1943 - 1944 г. е партизанин в диверсионната чета, действаща в района на Свети Спас, през април 1944 г. се присъединява към бригадата „Георги Димитров“, убит[10][11]
- Яким Божинов Запрянов (1882 - ?), български просветен деец и дарител[12]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 339. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 2,0 2,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 45. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 150–151. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Σ
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 33.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Горов, Христо (1975). Хроника на едно лято. Партизански дневник. София: Партиздат. стр. 198.
- ↑ Серкеджиев, Георги (1984). По пътя на родопските партизани. Отряд „Антон Иванов“ и бригада „Георги Димитров“. София: Медицина и физкултура. стр. 52.
- ↑ Предлошка:Цитат уеб