All-Stars (познати и како All Stars или Allstars) биле краткотрајна Британска блуз супер група оформена во средината на 1960-тите. Често се нарекувани и „Immediate All-Stars“ што се должело на нивната цврста соработка со „Immediate Records“.

The Immediate All-Stars
Познат(а) и какоThe All-Stars
The All Stars
The Allstars
ПотеклоЛондон, Англија
ЖанровиБлуз
Период на активност1965
Издавачи„Immediate Records“
СоработнициЏими Пејџ
Ерик Клептон
Џеф Бек
Ники Хопкинс
Поранешни членови
Мик Џегер
Бил Вејмен
Ијан Стјуарт
Крис Винтерс

Историја

уреди

Во средината на 1960-тите, сесискиот гитарист Џими Пејџ потпишал работодавачки договор со „Immediate Records“ и бил вработен како организатор и продуцент на некои студиски снимки од Џеф Бек, Сирил Дејвис и Ники Хопкинс, поддржани од музичка група позната како „All-Stars“. Оваа група не треба да биде помешана со „Cyril Davies All-Stars“, односно групата ги вклучувала Пејџ, кој свирел со членовите на „The Rolling Stones“, Мик Џегер, Бил Вејмен и Ијан Стјуарт, заедно со тапанарот Крис Винтерс. Едни од основачите на „Immediate Records“ биле „The Rolling Stones“, а продуцентската куќа била во сопственост на тогашниот нивни менаџер Ендру Луг Олдхем.[1][2][3]

Џемовите на Клептон и Пејџ

уреди

Во јуни 1965, Пејџ го поканил својот пријател Ерик Клептон да му се придружи на една џем сесија во неговото домашно студио и тука двајцата гитаристи заедно снимиле седум инструменталки. На крајот на сесијата и Пејџ и Клептон знаеле дека тоа што го снимиле до тој момент било во поголем дел проба отколку целосни песни, но претставниците од „Immediate Records“ го информирале Пејџ дека според нивниот договор тие ги поседуваат правата за издавање на сите снимки кои тој ќе ги направел. Пејџ колебливо им ги дал снимките поради стравот да не биде законски тужен. Со овој потег Пејџ ја загубил довербата на Клептон и во голема мера нивната лична врска, во годините кои доаѓале, била уништена.[3][4][5][6]

Во 1968 „Immediate Records“ ги издале песните заедно со претходни снимки на „All-Stars“ на нивниот компилационен албум „Blues Anytime“, а заслугите ги доделиле на Ерик Клептон и Џими Пејџ. Овие снимки биле реиздавани уште неколкупати.

Личности

уреди
Водечка улога имале
„The All-Stars“
[1][2][3]

Снимки

уреди
  • „The All-Stars“ заедно со Ники Хопкинс - „Piano Shuffle“
  • „The All-Stars“ заедно со Џеф Бек - „Chuckles“
  • „The All-Stars“ заедно со Џеф Бек - „Steelin'“
  • „The All-Stars“ заедно со Џими Пејџ - „Down in the Boots“
  • „The All-Stars“ заедно со Џими Пејџ - „L.A. Breakdown“
  • Ерик Клептон и Џими Пејџ - „Choker“
  • Ерик Клептон и Џими Пејџ - „Draggin' My Tail“
  • Ерик Клептон и Џими Пејџ - „Freight Loader“
  • Ерик Клептон и Џими Пејџ - „Miles Road“
  • Ерик Клептон - „Snake Drive“
  • Ерик Клептон - „Tribute to Elmore“
  • Ерик Клептон - „West Coast Idea“

Издавања

уреди
  • 1968 - Blues Anytime Vol. 1
  • 1968 - Blues Anytime Vol. 2
  • 1968 - Blues Anytime Vol. 3
  • 1970 - British Archive Series: Volume 1
  • 1970 - British Archive Series: Volume 2
  • 1970 - British Archive Series: Volume 3
  • 1970 - British Archive Series: Volume 4
  • 1971 - Guitar Boogie
  • 1972 - Ерик Клептон - The History of Eric Clapton (САД)
  • 1984 - Џими Пејџ - Smoke and Fire
  • 1988 - Ерик Клептон - The Early Clapton Collection
  • 1989 - Ерик Клептон - Blues Works 1963-1965
  • 1991 - Stroll On: The Immediate Blues Story Vol. 1
  • 1991 - Dealing with the Devil: The Immediate Blues Story Vol. 2
  • 1991 - Down and Dirty: The Immediate Blues Story Vol. 3
  • 1991 - „Eric Clapton & Friends“ - The Early Years
  • 1993 - Ерик Клептон - For Your Love
  • 1994 - Stars of British Blues Volume 1
  • 1994 - Stars of British Blues Volume 2
  • 1994 - Ерик Клептон - She's So Respectable
  • 1996 - „Jeff Beck & Friends“ - British Blues Heroes
  • 1996 - „Eric Clapton & Friends“ - British Blues Heroes
  • 1996 - „John Mayall & Friends“ - British Blues Heroes
  • 1996 - „Eric Clapton & The Yardbirds“ - Rarities
  • 1996 - Ерик Клептон - Blues Power
  • 1997 - Ерик Клептон - Birth of a Blues Legend: '63-'66"
  • 1998 - Ерик Клептон - Strictly the Blues
  • 1998 - Ерик Клептон - U.K. Blues 1964-1965
  • 1998 - Ерик Клептон - Early Stages
  • 1998 - Ерик Клептон, Џими Пејџ, Џеф Бек - CLAPTON-PAGE-BECK: Three Guitar Giants and Their Seminal Works
  • 1999 - Ерик Клептон - The Blues Years
  • 2000 - Ерик Клептон - West Coast Idea
  • 2000 - „Jimmy Page and His Heavy Friends“ - Hip Young Guitar Slinger
  • 2006 - Blues Anytime I: An Anthology of British Blues
  • 2006 - Blues Anytime II: An Anthology of British Blues

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 West Coast Idea album liner notes, „Sony Music Distribution“, 2000.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 Strictly the Blues album liner notes, Castle Pulse, 2000.
  3. 3,0 3,1 3,2 „John Hamilton's Ultimate Eric Clapton Discography - 1965 (архивирано од 2007)“. Архивирано од изворникот 2007-12-10. Посетено на 2007-12-10.
  4. Стивен Дејвис, Hammer of the Gods, Вилјам Мороу & Co, 1985.
  5. Марк Роберти, Eric Clapton: The Complete Recording Sessions 1963-1992, Blandford or St. Martin’s Press, 1993.
  6. The Early Clapton Collection album liner notes, Castle Communications, 1988.