Ркацители
Ркацители (грузиски: რქაწითელი; буквално „црвено стебло“ или „со црвени рогови“) — вид грозје што се користи за производство на бело вино.
Ркацители | |
---|---|
Ркацители во Виал и Верморел | |
Боја на лушпата | Бела |
Вид | Vitis vinifera |
Потекло | Грузија |
Историја
уредиОваа древна лоза потекнува од Грузија и се претпоставува дека е една од најстарите сорти грозје.[1]
Ркацители била најраспространетата сорта на грозје во Советскиот Сојуз и до 1978 година претставувала 18% од целото советско производство на вино.[2] Се користело за сè, од трпезно вино до ликери до зајакнато вино слично на шери. Пред програмата за намалување на лозовите насади на претседателот Горбачов, ркацителито било веројатно најраспространето бело винско грозје во светот.[3]
Во Кахетија било особено познато по своите слатки десертни вина направени на ист начин како виното порто. Имало многу обиди да се прави пенливо вино од ова грозје, но неговиот природен висок степен на алкохол не му дозволило да постигне голем успех.[1]
Вински подрачја
уредиГрозјето најмногу е засадено во неговата татковина Грузија, иако сè уште има значителни насади во други источноевропски земји како Русија, Ерменија, Бугарија, Молдавија, Романија, Србија,Македонија, Азербејџан и Украина.[1]
Виногорја во Македонија
уредиСо Правилникот за реонизација на лозарските подрачја [4] сортата ркацители е препорачана Повардарскиот реон во Кумановското виногорје.
Други подрачја
уредиИсто така, се сади, во мали количини, во Австралија и источните Соединетите Американски Држави, главно во подрачјето Фингер Лејкс во државата Њујорк, Масачусетс, Њу Џерси и во Вирџинија и Северна Каролина.[5] Имало и некои опитни насади во Калифорнија, Големата долина AVA и West Elks AVA од Колорадо и Кина (каде грозјето е познато како Baiyu).[1]
Лозарство
уредиВисоката киселост на грозјето е склона да ги направи вината прекумерно кисело, па винарите се обидуваат да го берат грозјето што е можно подоцна за да го максимизираат балансот на шеќер за да ја надоместат киселоста. Во повеќето подрачја на Источна Европа гроздоберот е обично во средината на октомври.[1]
Вински стил
уредиРкацители прави забележливо кисело, избалансирано бело вино со зачинети и цветни ноти во аромата.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 J. Robinson Vines, Grapes & Wines pg 260 Mitchell Beazley 1986 ISBN 1-85732-999-6
- ↑ Валуйко, Г. Г. (1978). Виноградные вина. Рипол Классик. ISBN 9785458491594.
- ↑ winepros.com.au. Oxford Companion to Wine. „Rkatsiteli“. Архивирано од изворникот на 2008-08-08.
- ↑ Правилник за реонизација на лозарските подрачја
- ↑ Wine 101 - Rkatsiteli WineCompass