Ретезат (национален парк)
Национален парк Ретезат (романски: Parcul Național Retezat – национален парк во Романија, поточно во Јужните Карпати. Претставува еден од најголемите планински масиви во Романија. Највисок врв е Пелеага чија надморска висина изнесува 2509 метри. Ретезат на романски значи „отсечен“. Фондацијата 7 светски чуда го предложила Ретезат за ново светско чудо. Оваа планина ја нарекуваат и „земја со сини очи“.
Национален парк Ретезат | |
---|---|
Parcul Național Retezat | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Планина Ретезат, близу Букура | |
Местоположба во Романија | |
Место | Романија Округ Хунедоара |
Најблизок град | Лупени |
Површина | 38.047 ha |
Воспоставен(а) | 2000[1] |
Мрежна страница | retezat.ro |
Географија
уредиПланината Ретезат позната е како „Трансилваниски Алпи“ и е прва планина која е прогласена за национален парк во Романија. Покрива скоро 500 квадратни километри. Четвртина од планината е повисока од 1800 метри надморска висина. Областа на оваа планина е главно од гранит и ледник. Националниот парк е богат со езера и водопади. Има преку 80 езера од кои најголемо е Букура[3]. Езерата[4] на овој масив чинат скоро половина од сите леднички езера во Романија.
Езеро | Длабочина на езерото (м) | Надморска висина (м) |
---|---|---|
Букура | 15,7 | 2041 |
Ана | 11 | 1990 |
Лија | 4,3 | 1910 |
Заноага | 29 | 1997 |
Негру | 24,8 | 2036 |
Геменеле | 5,3 | 1920 |
Заноага Мика | 12,4 | 1900 |
Пелеага | 4,2 | 2122 |
Таул Кустура Маре | 9 | 2226 |
На Ретезат постојат повеќе од 55 врвови кои се повисоки од 2000 метри надморска висина. Заради ерозијата на мразот, високите подрачја на планината се многу нестабилни.
Врв | Надморска висина (м) | Фотографија |
---|---|---|
Пелеага | 2509 | |
Папуса | 2508 | |
Ретезат | 2482 | |
Маре | 2463 | |
Кустура | 2457 | |
Букура | 2433 |
Националниот парк Ретезат обилува и со прекрасни водопади од кои најубави се Станисоара[5] и Лолаија[6].
Растителен свет
уредиРастителниот свет е многу богат и сите видови на растенија се заштитени со закон на УНЕСКО. Една третина од вкупната флора на Романија е на оваа планина. Околу стотина видови се ендемски. На Рентезат најмногу има гентијана, жолта гентијана, глуварче, лилјан, вклучувајќи уште околу 1000 вида растенија[7]. Што се однесува до шумските предели на оваа планина, најспецифични се планински бор, швајцарски бор како и џуџест бор кој се наоѓа на покаменитите подрачја.
Животински свет
уредиНа Ретезат живеат околу 185 вида птици од кои некои се ендемски. Од нив 122 вида редовно се гнездат во овој предел и затоа истиот е значајно птичјо подрачје. Некои од тие видови се црн штрк, златен орел, сив сокол, тетреб, орел-змијар, дрозд. Цицачите чиј дом е Ретезат се во помал број во однос на птиците. Има околу 55 вида цицачи. Тука спаѓаат сив волк, кафеава мечка, алпски мрмот, дивокоза, рис. Чести безрбетници кои се наоѓаат тука се жаба, дождовник, пролетници и неколку ендемски видови пеперуги.
Пристап
уредиНајбрзо до планината се стигнува од градовите Лупени, Урикани, Хацег, Петрошани ако се доаѓа од источната или северната страна.
Наводи
уреди- ↑ (романски) cdep.ro - Legea Nr.5 din 6 martie 2000, publicată în Monitorul Oficial al României, Nr.152 din 12 aprilie 2000;
- ↑ eunis.eea.europa.eu - Retezat National Park (coords);
- ↑ Езерото Букура
- ↑ Езерата и врвовите на Ретезат
- ↑ Водопад Станисоара
- ↑ Водопад Лолаија
- ↑ Галерија на растителниот свет на Ретезат
Надворешни врски
уреди„Ретезат (национален парк)“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Мапа на паркот Архивирано на 14 април 2015 г.
- Туристички мапи на Ретезат Архивирано на 23 февруари 2021 г.