Тува (руски: Респу́блика Тыва́, тувански: Тыва Республика) е авономна република во составот на Руската Федерација.Претседател на владата е Шолбан Кара-Оол, додека претседател на собранието е Василиј Јуал.

Республика Тыва
Тыва Республика
Република Тува
Знамето на Тува
Знамето на Тува
Грб на Тува
Грб на Тува
Знаме Грб
Положба во Русија
Положба во Русија
Држава: Русија
Федерален округ: Сибирски
Површина: 168.600 км2
Население: 308.500 (2006.)
Главен град: Кизил
Густина на население: 1,8 жит./км2
Карта на Тува
Туванец.

Географија

уреди

Републиката е сместена во крајниот јужен Сибир, во кој главниот град Кизил е сместен точно во географскиот центар на Азија. Северниот дел е богат со шуми, додека источниот е степски и сув.

Часовен појас

уреди
 

Тува е сместена во Краснојарскиот часовен појас (KRAT/KRAST). UTC+07:00 (KRAT)/+0800 (KRAST).

Реки

уреди

Во Тува има преку 8,000 реки. Најголеми реки се:

Езера

уреди

Има голем број на езера кои се леднички или солени. Најголеми се:

Планини

уреди

Површината на републиката е во планински басен, околу. 600 m висина,и тие прекриваат преку 80% од бкупната територија. Планината Монгун-тајга (3,970 m) е највисока точка во Сибир.

Природни богатства

уреди

најголеми ресурси во Тува се тресетот, железото, златото, и др.

Клима

уреди
  • Просечна јануарска температура: -32 °C
  • Просечна јулска температура: +18 °C
  • Дождови: 150 mm (низина) to 1,000 mm (планини)

Демографија

уреди
  • Популација: 305,510 (2002)
    • Урбана: 157,299 (51.5%)
    • Рурална: 148,211 (48.5%)
    • Mажи: 144,961 (47.4%)
    • Жени: 160,549 (52.6%)
  • Жени на 1000 мажи: 1,108
  • Просечна старост: 25.5 години
    • Урбани: 26.4 г
    • Рурални: 24.5 г
    • Mажи: 25.2 г
    • Жени: 27.6 г
  • Домаќинства: 82,882 (со 299,510 жит)
    • Урбани: 47,073 (со 152,542 жит)
    • Рурални: 35,809 (со 146,968 жит)
  • Наталитет (2005)
    • Раѓања: 5,979 (19.4)
    • Умирања: 4,326 (14.0)

Етнички групи

уреди

Според рускиот попис од (2002), Туванците , како група на Турките, се околу 77.0% од вкупното население. Други групи се Руси (20.1%), Коми (1,404, или 0.5%), и други со вкупен удел помал од 0,5%.

попис 1959 попис 1970 попис 1979 попис 1989 попис 2002
Туванци 97,996 (57.0%) 135,306 (58.6%) 161,888 (60.5%) 198,448 (64.3%) 235,313 (77.0%)
Руси 68,924 (40.1%) 88,385 (38.3%) 96,793 (36.2%) 98,831 (32.0%) 61,442 (20.1%)
Хакаси 1,726 (1.0%) 2,120 (0.9%) 2,193 (0.8%) 2,258 (0.7%) 1,219 (0.4%)
Други 3,282 (1.9%) 5,053 (2.2%) 6,725 (2.5%) 9,020 (2.9%) 7,526 (2.5%)

Службени јазици се туванскиот и рускиот.

Религија

уреди

Народот во Тува се претежно тибетски будисти, православни и значителен број на шаманисти.

Надворешни врски

уреди