Региони во Норвешка
(Пренасочено од Региони на Норвешка)
Норвешка е поделена на 5 географски региони (норвешки: landsdeler). Овие региони се чисто географски, без никаква административна улога. Регионите ги опфаќаат следниве окрузи:
- Северна Норвешка (Nord-Norge/Nord-Noreg)
- Тренделаг
- Тренделаг
- Западна Норвешка (Vestlandet)
- Јужна Норвешка (Sørlandet или Agder)
- Источна Норвешка (Østlandet/Austlandet)
Најкрупна административна единица во земјата се окрузите, додека пак регионите се географски и дијалектички целини.
Шпицбершките Острови (Свалбард) не сочинуваат округ и обично не се сметаат за дел од ниеден регион. Островот Јан Мајен исто така припаѓа на ниеден регион и округ, но од 1995 г, е во надлежност на управникот на округот Нурлан.
Островот Буве во јужниот Атлантски Океан, Земјата на Кралицата Мод и Островот на Петар I на Антарктикот се зависни територии на Норвешка.
Надворешни врски
уреди- Регионализација и децентрализација: Предложени нови региони на Норвешка Архивирано на 13 февруари 2006 г. - презентација во PowerPoint (англиски)