Ругалан
Ругалан (норвешки: Rogaland) е округ во јужниот дел на Норвешка. Административен центар е Ставангер. Бројот на населението во округот Ругалан според пописот извршен во 2007 година изнесувал 410.760 а површината 9.378 км2.
Грбот потекнува од 1974 година и на него се наоѓа камен крст од малиот град Сола кој е подигнат во чест на Ерлинг Шалгсон по неговата смрт во 1028 година.