Хогвортс

(Пренасочено од Ревенкло)

Хогвортс училиштето за магии и волшебништво (англиски: Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry) е околина во најпродаваниот Хари Потер серијал создадена од Џ. К. Роулинг. Во серијалот, Хогвортс е училиште за магии за сите вештерки и волшебници помеѓу возраст од 11 до 18 кои живеаат во Обединетото Кралство или Ирска.[2] Во шест од седумте книги од серијалот дејството највеќе се случува во Хогвортс, со тоа што секоја книга прикажува една целосна учебна година. Во Хари Потер и Реликвиите на смртта, поголемиот дел од дејството се случува надвор од Хогвортс, бидејќи главните ликови Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер решаваат да отсуствуваат од својата последна година во Хогвортс (иако Роулинг има изјавено дека Хермиона по одредено време се враќа за да ги заврши своите К.И.В.Т. испити).[3] Кулминативната борба во книгата, а и во серијалот, се одвива во Хогвортс.

Хогвортс училиште за магии и волшебништво
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Хари Потер училиште

Хогвортс како што е прикажан во Хари Потер филмовите
Мото латински: Draco Dormiens Nunquam Titillandus
(„Никогаш не задевај заспиен змеј“)
Директор/ка Албус Дамбладор Предлошка:HP1 Предлошка:HP6
Минерва МекГонагол Предлошка:HP2
Долорес Амбриџ Предлошка:HP5
Северус Снејп Предлошка:HP7
Запишување Со самото раѓање на деца од волшебничко потекло тие се запишани во училиштето и на 11 години преку пошта се потврдува нивното доаѓање.[1]
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

Роулинг има изјавено дека најверојатно името Хогвортс го земала од растението влакнест кротон (Croton capitatus, англ. „хогворт“), кое го имала видено во Градините Кју одредено време пред да почне со пишување на Хари Потер серијалот.[4][5] Хогвортс беше прогласен за 36 најдобра Шкотска образовна установа на оналајн бирање, претркувајќи го познатото Шкотско училиште Лорето.[6]

Информации и локација на училиштето

уреди
 
Филмот сет на Големата сала, Хогвортс.

Џ. К. Роулинг вели дека во целост Хогвортс го замислува да биде:[7]

Огромен, скитачки, доста страшен замок, со голем број кули и градобрани. Слично како куќата на Визлиеви, која е тешка за изградба од страна на неволшебник, бидејќи е поддржана од магија.

Во романите, Хогвортс се наоѓа некаде во Шкотска.[8][9] Училиштето има голем број на волшепства и магии околу него и во него, што прави да е невозможно некој Нормален (неволшебник) да го лоцира — за нив училиштето е речиси невидливо, тие единствено гледаат урнатини и неколку знаци за опасност. Замокот има пространи терени со огромни тревници, цветни леи и мали парчиња земја со зеленчук, лох (кој е наречен Црното Езеро во четвртиот филм), голема густа шума (наречена Забранетата шума), мал број на стаклени градини и други надворешни градби, покрај кои и терен за квидич. На имотот на училиштето има и буварник, кој ги придомува сите бувови кои се во споственост на училиштето и тие во сопственост на учениците. Забележително е тоа што има некои простории во училиштето кои одвреме-навреме „се преместуваат“ такви се скалилата од т.н. големо скалиште.[10] Вештерки и волшебници не смеат да се материјализираат или дематеријализираат на училишниот имот, освен ако директорот не ја укине забраната, иако таа или тој смее да ја тргне забраната исклучиво во одредени области, со што ќе го направи училиштето по неранливо кога му служи на директорот да дозволи материјализирање. Компјутери, телевизори и други слични електронски направи, како и самата струја, не можат да се најдат во Хогвортс. Во Хари Потер и Пламениот пехар, Хермиона укажува дека поради големото ниво на магија, направите како компјутери, радари и слично изгледаат како „расипани“ во Хогвортс. Како и да е, радиата се исклучок. Роулинг го објаснува ова со тоа што вели дека таму радиата не работат на струја туку на магија.

 
Рачно нацртана карта на Хогвортс од Џ. К. Роулинг.

Додека Хогвортс е тотална институција, неговиот статус не е детално објаснет во романите, но познато е дека е кообразовен, второстепен интернат, вклучувајќи деца од единаесет годишна возраст па сè до осумнаесет годишна возраст. Образованието во Хогвортс не е задолжително, со тоа што некои ученици се образувани дома како што е објаснето во седмата книга. Отпрво Роулинг велела дека има околу илјада ученици во Хогвортс.[11] Таа потоа кажува дека имало околу шестотини, покрај тоа што овој број е недоследен поради малиот број на ученици во годината на Хари. Таа подоцна објаснува дека ова се резултирало на тој начин со што таа создала само четириесет ученици во годината на Хари.[12]

Директорот или директорката придружени од заменик директорот или директорката се задолжени за менаџментот на училиштето.

Сè уште не е разјаснето тоа како Хогвортс се финансира. Напоменето е дека семејствата плаќаат за учениците барем частично (кога семејството е во можност). Во Хари Потер и Полукрвниот Принц Том Ридл вели дека не може финансиски да си дозволи да оди во Хогвортс, на кое Албус Дамбладор му одговара, „Има специјален фонд во Хогвортс за тие на кои им е потребна помош во купувањето книги и униформа“, бидејќи секој ученик мора сам да си купи книги, униформа и друг училиштен прибор. Обидот на Министерството за магии да ја заземе контролата врз училиштето во Хари Потер и Редот на фениксот укажува дека училиштето има јавни парични средства, иако никаде не е споменато од каде Министерството ги зема овие средства.

Роулинг напоменува дека Хогвортс е „повеќе верно училиште“.[13]

Запишување

уреди

Запишувањето во Хогвортс е селективно, со тоа децата кои покажуваат волшебни способности автоматски се здобиваат со место[14] додека слепо-фишеците не можат да следат настава како другите ученици (иако можат да работат во други улоги како на пример Аргус Филч does).[15] Волшебно перо во Хогвортс ги забележува сите раѓања на децата од волшебно потекло и ги запишува нивните имиња на голем пергамент.[16] Секоја година, некој учител ја проверува книгата и им праќа писмо на децата кои ќе наполнат 11 години до 31 август. Без разлика дали ученикот го прифаќа понуденото место во Хогвортс или го одбива мора да го извести училиштето до 31 јули. Писмото покрај сè содржи и список на потребни работи, како книги со магии, униформа и други работи кои би му биле потребни на еден ученик. Од идниот ученик се очекува да ги купи сите потребни материјали, најобично од продавниците на Дијагоналната уличка, прикриена улица блиску Черинг Крос Роуд во Лондон која се наоѓа позади паб наречен „Дупнатиот котел“. Ученици кои не можат да си дозволат училиштен прибор добиваат финансиска помош од Хогвортс како што е случајот со младото сираче Том Ридл.

Писма до волшебниците и вештерките од неволшебничко потекло, кои не се свесни за нивните моќи ниту пак знаат за прикриениот волшебен свет, се донесени лично од некој од персоналот на Хогвортс, кој тогаш му објаснува на родителот/старателот за целата магична заедница и ги уверува дека сè е во ред. Тие исто така и им помагаат во купувањето на приборот и ако е потребно ги придружуваат во Дијагоналната уличка.

На секој ученик му е дозволено да донесе мачка, жаба или був. Учениците од прва година мораат да имаат соодветна опрема за одредеинот предмет. Опремата набројана во листата во писмото за примање вклучува волшебно стапче, бакарен котел од втора големина, месингена вага, сет стаклено-кристални епрувети, вреќичка со основни состојки за напивки (за Напивки) и еден телескоп (за Астрономија). Една Хогвортска униформа се состои од една едноставна, исклучиво црна наметка за работа, како и едноставна црна шапка, пар заштитни ракавици и црн зимина качулка со сребрени додатоци. Поголемиот број на ученици ги купуваат своите униформи од продавницата на Мадам Малкин на Дијагоналната уличка. На учениците од прва година не им е дозволено да имаат своја метла, иако единствен исклучок е Хари кои во својата прва година покажува извонреден талент како трагач во Квидич.

Академските години се разделени со распуст од околу два месеци во лето, а секоја година е поделена на три полугодиа со пократок распуст околу Божиќ.

Пристигнување

уреди

Примарниот превоз до Хогвортс е возот Хогвортс Експрес, кој се наоѓа зад Перонот 9¾ во Кинг Крос Станицата во Лондон. Возот тргнува во 11:00 часот наутро и пристигнува на станицата Хогсмејд близу Хогвортс, некаде пред квечерина. Од таму учениците од прва година се придружени од чуварот на клучевите, игрите и земјите (Хагрид, или друг соодветен наставник ако тој е отсутен. Наставникот ги носи до два мали чамци кои магично пловат низ езерото и ги носи учениците близу влезот на Хогвортс. Постарите ученици до училиштето одат со вагони ги влечат магични суштества наречени Тестрали - тие се невидливи за учениците кои не биле сведоци на смрт. Кога учениците од прва година ќе пристигнат во замокот, чекаат во мала одаја пред влезот на Големата Сала додека постарите ученици не ги заземат своите места, тогаш влегуват во Големата Сала на Церемонијата за Бирање за да ги распоредат учениците по своите домови. Како што професоркта Минерва Мек Гонигал рече во Хари Потер и Каменот на Мудроста:

Вовлечен ред Распределувањето е многу важна церемонија затоа што додека сте овде, домот ќе ви биде вашето семејство во Хогвортс. Ќе имате часови со учениците од истиот дом, ќе спиете во заедничка спална и слободното време че го минувате во заедничката соба на вашиот дом.

Откако Бирачката капа ќе ја испее песната, секој ученик посебно седнува на столчето пред останатите ученици. Бирачката капа се стана на главата на ученикот, при што ги проучува неговиот или нејзиниот ум и ги сместува во една од четирите Куќи врз основа на способностите, индивидуалноста и преференциите. По церемонијата, учениците и наставниците уживаат во вечерата, подготвена од страна на куќните џуџиња. Ако Дамблдор е весел, тој ќе ги води ученици во пеење на училиштето песна.

Домови

уреди

Грифиндор

уреди
 

Грифиндор (англиски: Gryffindor) вреднува храброст, смелост, срце и витештво. Негова маскота е лавот, а неговите бои се црвена и златна. Глава на овој дом е учителката по преобразување, Минерба Мек Гонагал, а дух на домот е Речиси-Безглавиот-Ник. Според Роулинг, приближно речено Грифиндор се истоветува со елементот оган. Основач на домот е Годрик Грифиндор.

Покрај тоа што Грифиндор е домот на повеќето главни протагонисти, не сите Грифиндорци спаѓаат во таа категорија. Кормак Мек Лаген е олицетворение на негативните квалитети на еден Грифиндорец; тој е темпераментен и наметлив. Ромилда Вејн е нечесна и покажува лажна и заобиколена природа со неуспешниот обид да го намами Хари на љубовна напивка. На Хогвортс Експрес, донекаде гледа одозгора на Невил Лонгботом и Луна Лавгуд. Сепак, обајцата и Мек Лаген и Вејн се смели и покажуваат увереност, две многу Грифиндорски одлики поради што се и распределени во овој дом. Питер Петигру, Смртојад, исто така бил ученик во овој дом.

Заедничката соба на Грифиндор се наоѓа во една од највисоките кули на Хогвортс, влезот кој се наоѓа на седмиот кат во источното крило од замокот е чувано од страна на портретот на Дебелата дама, облечена во розов фустан. Дозволува влез само откако ќе и биде кажана точната лозинка.

Хафлпаф

уреди
 

Хафлпаф (англиски: Hufflepuff), основан од Хелга Хафлпаф, вреднува труд, верност, трпеливост и чесност. Маскота на домот е јазовец, а светложолтата и црната се негови бои. Глава на овој дом е учителката по Хербологија Помона Спраут, а дух на домот е Дебелиот калуѓер. Според Роулинг, приближно речено Хафлпаф се истоветува со елементот земја. Спалните соби и заедничката соба на Хафлпаф се наоѓаат некаде во подрумот, нивниот влез се наоѓа зад слика кај кујните. Учениците мора да ја кажат лозинката за да влезат. Заедничката соба на Хафлпаф е исполнета со жолтеникави завеси и големи фотелји и има мали подземни тунели кои водат до спалните, сите од кои имаат совршено округли врати, како поклопувачи на буриња (слични со јазовските дупки).[17]

Ревенкло

уреди

Слитерин

уреди

Полугодија и празници

уреди

Предмети и професори

уреди

Во текот на серијалот, голем број на училишни предмети се опишувани, обучувајќи ги ученците во повеќето гранки на магијата. Има дванаесет именувани учители (кон кои се обраќа со Професор), секој специјализирајќи во еден предмет. Преобразување, Одбрана од мрачните сили, Магии, Напивки, Астрономија, Историја на магија и Хербологија се обврзни предмети за првите пет години. На крајот на својата втора година, учениците мораат да одберат барем уште два нови предмети кои ќе ги изучуваат во третата година. Петте можни избори се Аритмантија, Древни руни, Предвидување, Грижа за волшебните суштества и Проучување на Шушумигите.

Оценување и испитување

уреди

Наводи

уреди
  1. name = "scholastic-chat-1"
  2. Cleave, Maureen (1999-07-03). „Wizard with Words, Telegraph Magazine, 3 јули 1999“. Посетено на 2008-09-05.
  3. Anelli, Melissa, John Noe, Sue Upton (2007-12-18). „PotterCast 130: The One with J.K. Rowling“ (Podcast). Посетено на 2007-12-18.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. 1999: Accio Quote!, the largest archive of J.K. Rowling interviews on the web
  5. 2001: Accio Quote!, the largest archive of J.K. Rowling interviews on the web
  6. Harry Potter School Outranks Loretto
  7. „Online chat transcript“. Scholastic. 2000-02-03.
  8. "Hogwarts ... Logically it had to be set in a secluded place, and pretty soon I settled on Scotland in my mind." Fraser, L., An interview with J.K.Rowling, Mammoth, London, 2000. ISBN 0-7497-4394-8. pp 20–21.
  9. „Happy ending, and that's for beginners“. The Herald via AccioQuote!. 1997-06-24. Посетено на 2007-10-05.
  10. How do you remember everything from different books when you are still writing the HP series? Архивирано на 5 февруари 2012 г. from JKRowling.com.
  11. „About the Books: transcript of J.K. Rowling's live interview on Scholastic.com“. Scholastic. 2000-10-16.
  12. „The Leaky Cauldron and MuggleNet interview Joanne Kathleen Rowling: Part Two“. The Leaky Cauldron. 16 јули 2005.
  13. 2007: Accio Quote!, the Largest Archive of J.K. Rowling quotes on the web
  14. „J.K.Rowling Official Site“. стр. F.A.Q. - About the Books. Архивирано од изворникот на 2011-08-28. Посетено на 2009=06-19. Everyone who shows magical ability before their eleventh birthday will automatically gain a place at Hogwarts; there is no question of not being 'magical enough'; you are either magical or you are not Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. „J.K.Rowling Official Site“. стр. Extras - Miscellaneous. Архивирано од изворникот на 2012-02-08. Посетено на 2009=06-20. Squibs would not be able to attend Hogwarts as students Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  16. [1] accio-quote.org.
  17. J.K. Rowling Web Chat Transcript - The Leaky Cauldron