Северус Снејп (англиски: Severus Snape) e измислен лик во серијалот книги Хари Потер напишани од Џ. К. Роулинг. Во првиот роман, Хари Потер и Каменот на мудроста, тој е еден од поглавните антагонисти. Како што се развива серијалот, ликот на Снејп станува повеќе слоевит и сложен и Роулинг не целосно ги открива деталите на неговата преданост сè до крајот на последната книга, Хари Потер и Реликвиите на смртта. Снејп се појавува во сите седум книги од серијалот.

Северус Снејп
лик од 'Хари Потер'

Алан Рикмен како Северус Снејп
во Хари Потер и Редот на фениксот.
ДомСлитерин
ГлумецАлан Рикмен (возрасен)
Алек Хопкинс (тинејџер)
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

Низ серијалот, толкувањето на Снејп се развива од злонамерен и пристрасен учител до значаен лик на значителна заплетканост и морална двосмисленост. Снејп предава Напивки, а подоцна и Одбрана од мрачните вештини, во Хогвортс. Роулинг го има опишано како „подарок од лик“.[1]

Наводи

уреди
  1. „Rowling on Snape“. half-bloodprince.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-26.