Армијата на Дамблдор

(Пренасочено од Невил Лонгботом)

Армијата на Дамблдор или Дамблдоровата Армија (скратено А.Д. или Д.А.) е фиктивна ученичка организација во серијалот Хари Потер на Џ. К. Роулинг која е основана од главните ликови, Harry Potter, Рон Визли и Хермиона Гренџер, како би се спротивставиле на управувањето на високиот иследник на Хогвортс Долорес Амбриџ, како и за учење применета одбрана од мрачните вештини.

Армијата на Дамблдор
Dumbledore's Army
Хари Потер здружение

Членови на Армијата на Дамблдор
во Хари Потер и Редот на фениксот
Делокруг Собата за потреби
Лидер(и) Хари Потер
Невил Лонгботом (преземајќи во ХП7)
Намери Да се изучуваат и применуваат волшебни методи на само одбрана; Давање отпор на активностите на Смртојадите во Хогвортс
Непријатели Министерство за магии, Долорес Амбриџ, Лорд Волдеморт и Смртојадите
Прво појавување Хари Потер и Редот на фениксот

Синопсис

уреди

Членови

уреди

Хана Абот

уреди

Хана Абот (англиски: Hannah Abbott) е ученичка од Хафлпаф во годината на Хари, опишана со румени образи и руса коса во плетенки. Во Хари Потер и Одајата на тајните, кога Ерни Мек Милан тврди дека Хари е наследникот на Слитерин, таа е скептична велејќи дека тој излгеда толку добро. Таа носи „Поддршка за Седрик Дигори/Потер е гад“ значка за време на Тробојот во Хари Потер и Пламениот пехар, иако останува во добри односи со Хари, Рон и Хермиона. Во Редот на феииксот, Хана е означена за радар на Хафлпаф и подоцна се придружува на А.Д., сепак покажува знаци на напнатост; таа е толку загрижена за престоечките О.В.С. испити што доживеува нервно удар бидејќи смета дека е премногу глупава да го решава испитот и дека мора Мадам Помфри да ѝ даде смирувачка голтка. Сепак, таа е дел од шестте членови на А.Д. кои успешно доаѓаат да му помогнат на Хари против Драко Мелфој, Креб и Гојл на Хогвортс Експрес на крајот на годината.

Во Полукрвниот Принц, Хана го напушта Хогвортс откако нејзината мајка е убиена од Смртојадите.

Кејти Бел

уреди

Сузан Боунс

уреди

Тери Бот

уреди

Лавандер Браун

уреди

Лавандер Браун (англиски: Lavender Brown) е ученичка од Грифиндор и првата девојка на Рон. Таа е многу блиска со Парвати Патил, соученичка од истиот дом; се покажува дека уживаат во истите предмети, особено во предвидување, а и споделуваат заеднички интереси. TИ двете имаат очигледно близок однос со професорката Трилејни и ѝ даваат поддршка и утеха во различни пригоди. Во својата четврта година присуствува на Божиќниот бал со Шејмус Финиган. Таа отпрвин ја поддржува и верува во валкната кампања против Хари предводена од Министерството, но сепак е меѓу првобитните членоци на Армијата на Дамблдор.

Во Полукрвниот Принц, Лавандер и Рон започнуваат да излегуваат, и таа му го дава прекарот „Вон-Вон“. Рон всушност не е заљубен во Лавандер, но сепак ја одржува врската единствено за да всади љубомора во Хермиона и за докаже дека може да се бакнува кога сака со кого сака. Лавандер станува љубоморна на пријателството на Рон и Хермиона и конечно му раскинува кога гледа како заедно излегуваат од неговата спална соба. Таа мисли дека бил таму заедно и сами, но Хари е всушност со нив, но под неговата невидливата наметка. Бидејќи Хари е под влијание на Феликс Фелицис во тој момент, напивката мора да имала важна улога во раскинувањето.

Лавандер е сериозно повредена во битката во Хогвортс откако е нападната од Фенрир Грејбек. Тогаш, се движи немоќно иако не се знае дали всушност ја преживува борбата.

Џенифер Смит ја толкува Лавандер во мала, безгласна улога во Затвореникот од Азкабан. Џеси Кејв го толкува ликот во поголема улога во Полукрвниот Принц, но не се враќа за вториот дел од Реликвиите на смртта.[1]

Чо Чанг

уреди

Чо Чанг (англиски: Cho Chang, кинески: 張秋) е ученичка од Ревенкло една година поголема од Хари, и е трагач за квидичкиот тим на Ревенкло. Најдобро е позната како првата љубов на Хари, првиот бакнеж, првата девојка и првото раскинување. Опишана е како „многу убава“ со долга темна коса и е често придружувана од група девојчиња од Ревенкло кои се кикотат.

Во Пламениот пехар, чувствата на Хари кон Чо се засилуваат и тој решава да собере храброст да ја покани на Божиќниот Бал, но Чо му се извинува и му одговара дека веќе ја прифатила понудата на Седрик Дигори, правејќи да Хари да ја игнорира својата партнерка, Парвати Патил, и љубомора го обзема парот за време на целиот бал. И покрај тоа, Чо сè уште се одеснува љубезно кон Хари; на негово олеснување, таа одбива да носи еден од беџовите „Потер е за никаде“ на Драко Малфој. Таа и Седрик ја одржуваат својата врска сè до неговото убиство од Питер Петигру за време на третата задача во Тробојот.

Чо е една од првите ученици кои веруваат на објавата на Хари дека Волдеморт е вратен во Редот на фениксот, и кога е повикана од Хермиона да се придружи на А.Д., Чо открива дека нејзините родители ја замолиле да не се вмешува во какви било работи против Министерството, но таа сепак се придружува бидејќи е одлучна да се бори против Волдеморт и да ја одмазди смртта на Седрик. Чо започнува бакнеж со Хари по последната средба на А.Д. пред божиќните празници; на задоволство на Рон, Хари го опишува бакнежот како влажен, но потоа објаснува дека Чо плачела. Хари и Чо излегуваат на рандеву на денот на вљубените, но нејзиното постојано жалење на смртта на Седрик, нејзината неоснована љубомора на пријателството на Хари со Хермиона и недостатокот на знаење за девојки на Хари прават едно мизерно искуство. Нивната врска е оштетена по излегувањето, и трајно завршува откако Армијата на Дамблдор е откриена по вина на Мариета која ја предава групата на Амбриџ. Чо ги брани постапките на својата пријателка велејќи дека Мариета едноставно направила грешка и го го нарекува маѓепсувањето за анти-предавство на списокот на имиња на групата од страна на Хермиона како валкан трик. На патот назад кон Кинг Крос, Џини открива дека Чо сега излегува со Мајкл Корнер.

Кејти Лун ја толкува Чо во Пламениот пехар како и во филмските верзии и верзиите на видеоигри на Редот на фениксот и Полукрвниот Принц .

Мајкл Корнер

уреди

Колин и Денис Креви

уреди

Мариета Еџкомб

уреди

Џастин Финч-Флетчли

уреди

Шејмус Финиган

уреди

Антони Голдстеин

уреди

Ангелина Џонсон

уреди

Ли Џордан

уреди

Невил Лонгботом

уреди

Луна Лавгуд

уреди

Ерни Мек Милан

уреди

Падма Патил

уреди

Парвати Патил

уреди

Захарајис Смит

уреди

Алиша Спинет

уреди

Дин Томас

уреди

Фред и Џорџ Визли

уреди

Фред и Џорџ Визли (англиски: Fred and George Weasley) се идентични близнаци,[2] и постари браќа на Рон. Тие се родени на први април, и тие за првпат се појавувааат во книгата Хари Потер и Каменот на мудроста како ученици во трета година. Тие се претставени како бељаџии во класот, кои повеќе се заинтересирани за смислување нови шеги отколку за учењето. Иако тие имаат мал коефициент на Обично Волшебничко Ниво (О.В.Н.), тие сепак се способни да изведат некои зачудувачки магии.

Џини Визли

уреди

Допир со вистинскиот свет

уреди

Наводи

уреди
  1. 0 How to Bewitch a Wizard Архивирано на 17 септември 2009 г. - Newsweek.com, 7/13/09
  2. "I'm not Fred, I'm George ... can't you tell I'm George?" Harry Potter and the Philosopher's Stone; Page 70 (UK edition); Page 92 (US edition).

Надворешни врски

уреди