Рашела Мизрахи (24 ноември 1981 во Скопје) — македонска политичарка, министер за труд и социјална политика во преодната влада на Оливер Спасовски, формирана за спроведување на предвремените парламентарни избори во 2020 година.[1] Мизрахи била избрана за министер на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.[2] Таа е првата Еврејка во Македонија на министерска функција.[3] Мизрахи е биохемичар и ветеринар.

Рашела Мизрахи
Министерка за труд и социјална политика
На должноста
3 јануари – 15 февруари 2020
Претходник Мила Царовска
Наследник Јагода Шахпаска
Лични податоци
Роден(а) 24 ноември 1981(1981-11-24)(42 г.)
Скопје, СР Македонија
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Универзитет „Бар-Илан“

Мизрахи го привлекла вниманието на јавноста откако одржувала прес-конференции пред табла на министерството со претходното име на државата: Република Македонија наместо Република Северна Македонија. Грција реагирала со нота за непочитување на Договорот од Преспа.[4] На предлог на Спасовски, Мизрахи била разрешена по долга расправа во Собранието за кршење на Уставот.[5] Таа била министер еден месец и 12 дена.

Семејно минато уреди

Семејниот род Мизрахи е забележан, во списокот на депортираните Евреи, во логорот Треблинка, од страна на Бугарските фашисти во 1943.

Само еден член на семејството се спасил, бидејќи веќе бил приклучен на партизанските единици, па така ја избегнал депортацијата.[6][7][8]

Членови на семејството Мизрахи, кое броело 85 члена пред депортацијата:
МИЗРАХИ РАХАМИН ДАВИД, 1907 - 1943, столар
Мизрахи Давид Берта, 1919 - 1943, домаќинка
Мизрахи Давид Рејна, 1941 - 1943
МИЗРАХИ АВРАМ ИСАК, 1892 - 1943, службеник
Мизрахи Исак Сулча, 1894 - 1943, домаќинка
Мизрахи Исак Нина, 1923 - 1943, кројачка
МИЗРАХИ ДАВИД ИСАК, 1888 - 1943, келнер
Мизрахи Исак Мазал, 1905 - 1943, домаќинка
Мизрахи Исак Шана, 1925 - 1943
Мизрахи Исак Хаим, 1924 - 1943, помошник
Мизрахи Исак Мазал 1878 - 1943, домаќинка
МИЗРАХИ ЛЕЗЕР ИСАК, 1912 - 1943, кондураџија
Мизрахи Исак Рашела, 1915 - 1943, домаќинка
Мизрахи Исак Исирода, 1940 - 1943
МИЗРАХИ ХАИМ ИСАК, 1871 - 1943, кафеџија
Мизрахи Исак Бинута, 1886 - 1943, домаќинка
МИЗРАХИ ХАИЛ ИСАК, 1889 - 1943, трговец
Мизрахи Исак Клара, 1899 - 1943, домаќинка
Мизрахи Исак Куна, 1920 - 1943, кројачка
Мизрахи Исак Матилда, 1924 - 1943, кројачка
Мизрахи Исак Хаим, 1927 - 1943, ученик
Мизрахи Хаим Сара, 1869 - 1943, домаќинка
МИЗРАХИ Е. ЈОСИФ, 1914 - 1943, радиотехничар
Мизрахи Јосиф Вида, 1925 - домаќинка
Мизрахи Јосиф Елиезер, 1942 - 1943
МИЗРАХИ САМУЕЛ ЈОСИФ, 1875 - 1943, работник
Мизрахи Јосиф Естер, 1883 - 1943, домаќинка
МИЗРАХИ ХАИМ ЈУДА, 1880 - 1943, трговски помошник
Мизрахи Јуда Султана, 1890 - 1943, домаќинка
Мизрахи Јуда Хаим, 1921 - 1943, ученик
Мизрахи Јуда Давид, 1932 - 1943, ученик
Мизрахи Хаим Грација, 1838 - 1943
МИЗРАХИ ЈОСИФ ЛЕА, 1870 - 1943, домаќинка
Мизрахи Јосиф Алберт, 1906 - 1943, службеник
МИЗРАХИ МОИН МОИС, 1886 - 1943, прекупувач
Мизрахи Моис Зумбул, 1894 - 1943, домаќинка
Мизрахи Моис Самуел, 1915 - 1943
Мизрахи Самуел Естер, 1918 - 1943, домаќинка
Мизрахи Моис Хаим, 1922 - 1943
Мизрахи Самуел Ципора, 1942 - 1943
МИЗРАХИ ЈУДА МОРИС, 1894 - 1943, трговец
Мизрахи Морис Рена, 1911 - 1943, домаќинка
Мизрахи Морис Клара, 1931 - 1943
МИЗРАХИ ЛЕЗЕР МОША, 1907 - 1943, кондураџија
Мизрахи Моша Флора, 1912 - 1943, домаќинка
Мизрахи Моша Лезер, 1929 - 1943, ученик
Мизрахи Моша Анушка, 1936 - 1943
МИЗРАХИ ХАИМ РАХАМИН, 1897 - 1943, трговец
Мизрахи Рахамин Рејна, 1878 - 1943, домаќинка
МИЗРАХИ ЈОСИФ РЕЈНА, 1879 - 1943, домаќинка
Мизрахи Јосиф Рашела, 1904 - 1943
Мизрахи Јосиф Хаим, 1912 - 1943, трговски службеник
Мизрахи Јосиф Џулика, 1917 - 1943
МИЗРАХИ ХАИЛ САЛОМОН, 1869 - 1943, текстилец
Мизрахи Саломон Рејна, 1887 - 1943, домаќинка
Мизрахи Саломон Џилда, 1912 - 1943, службеник
Мизрахи Саломон Естер, 1925 - 1943, ученичка
МИЗРАХИ САЛОМОН САРА, 1899 - 1943, домаќинка
Мизрахи Саломон Сулика, 1922 - 1943, кројачка
Мизрахи Саломон Бехако, 1924 - 1943, кондураџија
Мизрахи Саломон Естерина, 1926 - 1943, кројачка
МИЗРАХИ ЕЛИЕЗЕР ХАИМ, 1908 - 1943, лаборант
Мизрахи Хаим Плата, 1909 - 1943, домаќинка
Мизрахи Хаим Елиезер, 1937 - 1943
Леви Хананел Самуел, 1877 - 1943
Леви Самуел Рашела, 1888 - 1943, домаќинка
Мизрахи Елиезер Хана, 1891 - 1943, домаќинка
МИЗРАХИ ЕЛИЈА ХАИМ, 1896 - 1943
Мизрахи Хаим Хана, 1893 - 1943, домаќинка
Мизрахи Хаим Хендри, 1913 - 1943
Мизрахи Хаим Исак, 1917 - 1943
МИЗРАХИ ИБРАХИМ ХАИЛ, 1885 - 1943, работник
Мизрахи Хаим Сара, 1900 - 1943, домаќинка
Мизрахи Хаим Абрахим, 1916 - 1943, кондураџија
Мизрахи Хаим Рашел, 1922 - домаќинка
Мизрахи Хаим Ментеш, 1918 - 1943, работник
Мизрахи Ментеш Ципора, 1922 - 1943, домаќинка
Мизрахи Хаим Јосеф, 1931 - 1943, работник
Мизрахи Ментеш Формоза, 1924 - 1943
Мизрахи Хаим Јаков, 1927 - 1943, работник
МИЗРАХИ РАХАМИН ХАИМ, 1901 - 1943, градинар
Мизрахи Хаим Рашел, 1904 - 1943, домаќинка
Мизрахи Хаим Рако, 1925 - 1943, пекар
Мизрахи Хаим Рејна, 1927 - 1943, ученичка
Мизрахи Хаим Грација, 1933 - 1943, ученичка

Наводи уреди

  1. „Собранието ја изгласа техничката влада на Оливер Спасовски“. Сакам Да Кажам. 3 јануари 2020. Посетено на 15 февруари 2020.
  2. „ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи Рашела Мизрахи за министерка за труд и социјала“. Сакам Да Кажам. 30 декември 2019. Посетено на 15 февруари 2020.
  3. „Најстариот израелски весник „Харец" ја претставува Мизрахи како ексминистерка од Северна Македонија“. 360 Степени. 21 февруари 2020. Посетено на 22 февруари 2020.
  4. „Димитров сугерира оставка од Мизрахи за смена на таблата на Министерството за труд и социјала“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 9 февруари 2020. Посетено на 15 февруари 2020.
  5. „Собранието ја разреши Рашела Мизрахи“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 15 февруари 2020. Посетено на 15 февруари 2020.
  6. Димитриевска, Антоанела (11.03.2013). „Да не се повтори | DW | 11.03.2013“. DW.COM. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 358–359. На |first= му недостасува |last= (help)
  8. „Мизрахи му покажа слики на Заев: Дали стоите на ставот дека Бугарија била администратор?“. Expres.mk (англиски). 2020-12-30.

Надворешни врски уреди