Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Рахово (Берско)
Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Ιερά Μονή Θεοτόκου Καλλίπετρας) — манастир кај селото Рахово, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Рождество на Пресвета Богородица | |
---|---|
Ιερά Μονή Θεοτόκου Καλλίπετρας | |
40°27′20″N 22°13′24″E / 40.45556° СГШ; 22.22333° ИГД | |
Место | Рахово, Берско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Берско |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Географија
уредиМанастирот се наоѓа во долината на реката Бистрица, недалеку од селото Рахово. Наречен е и Калипетренски манастир според ридот Калипетра (тур. Џамала) на кој е сместен.[1]
Историја
уредиМанастирот е еден од најстарите во регионот. Тоочната година на основање е непозната. Неговото постоење се споменува во документ од 1100 г. Во XVIII век доживеал расцут. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е уништен од Османлиите, а монасите биле убиени. Подоцна е возобновен. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија бил база на андартите, па затоа во 1907 г. поранешниот игумен Ставри и игуменот Игнатиј се убиени. Во 1941 г. манастирот повторно изгорел, овојпат заради негрижа на овчар. Подоцна е обновен.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερά Μονή Θεοτόκου Καλλίπετρας“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 31 мај 2014.
- ↑ „Monasteries and Pilgrimages“. Discover Veria. Посетено на 9 август 2016.
- ↑ „Ιερά Μονή Παναγίας Καλλίπετρας“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]