Рахманли
Рахманли (Рамалија или Ромалија, наречено и Раманче; грчки: Ελεούσα, Елеуса; до 1926 г. Ραχμανλή, Рахманли[2]) — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лерин во истоимениот округ на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во 1930-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Рахманли Ελεούσα | |
---|---|
Координати: 40°54.8′N 21°31.3′E / 40.9133° СГШ; 21.5217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Долно Клештино |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | напуштено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото било сместено 22 км североисточно од Лерин, 17 км источно од Долно Клештино. Лежело во северниот крај на Леринското Поле на самата државна граница со Р Македонија.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Рахманли било македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја опишал Ромалија како македонско село.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рахманли (Раманче) имало 249 жители Македонци-христијани.[6][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рахманли се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[8]
На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Раманли (Ramanli) живееле 128 Македонци, сите под егзархијата.[6][10]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 123 жители.[3] Во 1920 г. населението опаднало на 68 лица, веројатно поради војните. Во 1926 г. властите го преименувале во Елеуса.[11] Според последниот попис од 1928 г. Рахманли имало 56 жители, кои постепено почнале да го напуштаат поради тешките услови за живот и се прибрале во соседното село Орта Оба.[3] Иако селото е конечно напуштено во 1930-тите, имотите во него сè уште се користат од неговите поранешни жители.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ραχμανλή -- Ελεούσα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.
- ↑ Нарекувајќи ја „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.
- ↑ Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.125.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.