Орта Оба

село во Леринско, Егејска Македонија

Орта Оба или Ортоба (грчки: Μεσόκαμπος, Месокамбос; до 1926 г. Ορτά Ομπά, Орта Оба[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 67 жители (2011).

Орта Оба
Μεσόκαμπος
Орта Оба is located in Грција
Орта Оба
Орта Оба
Местоположба во областа
Орта Оба is located in Лерин (општина)
Орта Оба
Местоположба на Орта Оба во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°53.40′N 21°30.48′E / 40.89000° N; 21.50800° E / 40.89000; 21.50800Координати: 40°53.40′N 21°30.48′E / 40.89000° N; 21.50800° E / 40.89000; 21.50800
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно67
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

ГеографијаУреди

Селото се наоѓа на 20 км североисточно од градот Лерин и 16 км североисточно од Долно Клештино. Лежи на северниот крај од Леринското Поле, мошне близу до границата со Општина Новаци во Р. Македонија.[3]

ИсторијаУреди

Во Отоманското ЦарствоУреди

Во османлиските даночни книги на Леринскиот вилает од 1626-27 г. Орта ова се води како село со 68 немуслимански домаќинства.[4]

На почетокот на XX век Орта Оба било чисто турско село во Леринската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 250 жители, сите Турци.[5] Малку подоцна Боривое Милоевиќ го споменува со 60 турски куќи.[3]

Во ГрцијаУреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понд.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Месокамбос.[6] На пописот од 1928 г. во Орта Оба се заведени 179 жители. По 1930 г. тука се доселиле и малобројните македонски семејства од соседното Рахманли, со што станало етнички мешана населба. Така, во 1940 г. во Орта Оба имало 27 македонски и 60 доселенички семејства — вкупно 463 жители.[3]

За време на Грчката граѓанска војна, 16 македонски семејства се преселиле во Р. Македонија, а останале 11. Со тоа, населбата и понатаму останала мешана, но во значајна полза на доселените Грци. Во 1951 се заведени 312, а во 1961 г. 322 жители. Населението почнало да опаѓа поради иселување, па така во 1971 г. се попишани 237, во 1981 г. се заведени 211, а во 1991 — 193 жители.[3] Иселувањето се засилило во следните десетлетија: во 2001 г. Орта Оба имала 133 жители, но во 2011 г. само 67.

НаселениеУреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 463 312 322 237 211 193 133 67
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

СтопанствоУреди

Селото важи за прилично сиромашно. Главни производи се житото и сточарските преработки. Атарот има површина од само 6 км2.[3]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ορτά Ομπά -- Μεσόκαμπος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 167.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 332-333.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  6. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971