Ратачки Острови
Ратачките Острови (маршалски: Ratak[1]) или Ратачки синџир е назив за источната група острови во Маршалските Острови. На маршалски името значи „изгрев“. Западниот дел од земјата го сочинуваат Раличките Острови. Според податоците од 1999 година, островите имале 30.925 жители.