Меџит (маршалски: Mājej[1] или Mājeej[2]) е остров во Тихиот Океан. Островот е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. За разлика од останатите атоли и острови во државата, Меџит е карпест остров одошто корален атол, но сепак е опкружен од корален гребен и има тесна лагуна. Островот се наоѓа 110 км североисточно од Вотје. Според проценките на островот живеат 300 жители. На островот има езеро со свежа вода и исто така има аеродром.

Меџит
Сателитска снимка на островот.
Географија
МестоТихи Океан
Координати10°17′N 170°52′E / 10.283° СГШ; 170.867° ИГД / 10.283; 170.867
АрхипелагРатачки Острови
Вкупно острови1
Површина1,86 км2
Држава
Демографија
Население300 (1998)
Етнички групиМаршалци

Историја

уреди

Првично островот бил именуван „Нова Година“ од страна Ото фон Коцебуе.[3] Во 1884 Германија тврдела дека островот е под нејзина контрола. По Првата светска војна островот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. По независноста на Маршалските Острови островот станал дел од новата држава.

Наводи

уреди
  1. Marshallese-English Dictionary - Place Name Index
  2. Marshallese-English Dictionary - Place Name Index
  3. Morison, Samuel Eliot (May 22, 1944). „The Gilberts & Marshalls: A Distinguised Historian Recalls the Past of Two Recently Captured Pacific Groups“. Life: 91–96, 99–101, at p. 93. Посетено на March 16, 2011.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди