Ајлук (маршалски: Aelok[1]) е корален атол во Маршалските Острови. Атолот е дел од Ратачките Острови и е составен од 57 мали островчиња. Атолот се наоѓа околу 72 км северно од Вотје и има вкупна површина од 5.4 км2. Атолот има лагуна која има вкупна површина од 177.45 км2. Главните островчиња се: Аџелеп, Алиеџ, Ајлук, Алкилве, Бароркан, Бикен, Енеџаброк, Енеџелар, Капен и Мариб. Поголем број од островите се на источниот дел од атолот. Западниот дел е воглавно составен од корален гребен. Лагуната има три главни влеза: Ерапу, Марок и Ененеман. Според податоците од 1999 година, на атолот живееле 513 жители.[2]

Ајлук
Сателитска снимка на Ајлук.
Географија
МестоТихи Океан
Координати10°19′40″N 169°56′00″E / 10.32778° СГШ; 169.93333° ИГД / 10.32778; 169.93333
АрхипелагРатачки Острови
Вкупно острови57
Површина5,4 км2
Држава
Демографија
Население513 (1998)
Етнички групиМаршалци

Историја

уреди

Германија во 1884 година тврдела дека атолот е под нивна контрола. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна по американска контрола. По независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.

Наводи

уреди
  1. Marshallese-English Dictionary - Place Name Index
  2. Land Area and Population Density by Atolls and Islands (persons per square mile): 1973 to 1999

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди