Малоелап
Малоелап (маршалски: M̧aļo-eļap[1]) е корален атол составен од 71 мало островче во Тихиот Океан. Атолот е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови и воедно атолот сочинува една од општините во државата. Атолот има вкупна копнена површина од 9.8 км2, а има лагуна од 972 км2. Атолот се наоѓа северно од Аур. Според податоците од 1999 година, атолот имал население од 856 жители. Најголеми островчиња на толот се Тароа, административен центар на атолот, и Кабен. Покрај овие две, уште и Ајрук, Волот и Џанг се населени.
Сателитска снимка на Малоелап. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 08°45′00″N 171°04′00″E / 8.75000° СГШ; 171.06667° ИГД |
Архипелаг | Ратачки Острови |
Вкупно острови | 71 |
Површина | 9,8 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 856 (1999) |
Етнички групи | Маршалци |
Историја
уредиКако и останатите Маршалски Острови, така и за овој атол Германија тврдела дека е под нејзина управа. По Првата светска војна атолот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Атолот станал дел од независни Маршалски Острови во 1986.