Разговор со корисник:Guitardemon666/Aрхива 6

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Шаховска олимпијада

уреди

Здраво. Извини за тоа што го откажав уредувањето, а не го сменив само воведниот дел. Точно е дека правилно е да биде зеле наместо земале, но за тоа дали треба да биде 20. или дваесетта, дадов пошироко објаснување на страницата на кандидатурата. Не е правилно настани коишто се повтооруваат, работи по серии и сл. да се пишуваат со букви. Тогаш треба игодините и вековите да ги пишуваме со букви. Буквите ги оправдувам само за некои работи со малч број на описи или повторувања. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:53, 26 април 2009 (UTC)

P.S.Во извадокот е добро да биде со букви поради подобар изглед. Инаку во статијата нека си седи со бројка. Инаку „јубилејна“ не беше со задебелени букви и нека не те асоцира на пристрасност кон настанот или нарушување на неутралноста. Статијата може не но мора да запонува со насловот. Такво правило никаде не постои, како што не постои ни правило за вметнување на звборови како „јубилејна“. Инаку „најјакиот“ звучи навредливо кога го споредуваш со „јубилејна“. Види некои други статии за вакви настани на другите јазични изданија, па и на нашата Википедија, па ќе ти стане јасно. Јас знам дека веќе го имам употребувано овој збор и друг пат.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:59, 26 април 2009 (UTC)

Српско Словенски

уреди

Е ногу две букви смени и го навредуваш мојот дијалект ? ЛОЛ :(--Makedonij (разговор) 20:22, 27 април 2009 (UTC)

Гитар а на Македонски вика ли се Архива или Архив? Makedonij (разговор) 17:42, 30 април 2009 (UTC)
Еве што вика лексиконот:
  • архив (лат archıvum) 1. установа за чување на стари документи и пишани споменици, 2. име на некои списанија со научен карактер
  • архива (лат archıvum) 1. одделение на установа каде што се чуваат стари списи, исправи, откако бил завршен некој процес или некоја постапка, 2. збир на пишани споменици што се однесуваат на дејноста на некоја установа или на некоја личност.

Инаку не мислам да се расправам со тебе, ама кога си запнал правилно се прашува: на македонски се вика архива или архив, а не вика ли се архива или архив (второто е од источно-македонските наречја, со влијание на бугарскиот).

P.S. Никој не ти рече дека не смееш да пишуваш на дијалекти на страниците за разговор, смееш и на јапонски и на клингонски ако сакаш, нема проблем, јас само ти кажав дека тоа што го пишуваш во статиите не е добро, и како поискусен корисник ти кажав дека не е македонски, дека треба да поработиш малку (исто како што сме кажале на многу корисници), но ти изгледа го претвори во нешто лично. Никогаш не сум рекол дека сум совршен во македонскиот правопис, но се трудам, затоа и ти посочив и тебе. Инаку како зборувам си е моја работа, исто како што е твоја работа како ти зборуваш. Но кога пишуваш во статии тогаш станува и моја работа. -{админинстратор}-   гитардемон 20:18, 30 април 2009 (UTC)

Само за ова имам замерка: второто е од источно-македонските наречја, со влијание на бугарскиот и оваа изјава нема врска. Поз--MacedonianBoy 22:08, 30 април 2009 (UTC)

Прашање за категорија градови

уреди

Здраво Гитердемон.Зошто статиите што ги пишувам за градовите во Франција не одат во,Категрија-градови во Франција? За 3-4 града имам статии направено и ги нема со другите. Поздрав --Wikimakpedia (разговор) 13:32, 28 април 2009 (UTC)

Прашанје

уреди

ФАБРИКА? Ме занима, македонскиот збор за фабрика, бидејќи овој е од англиска форма. Благодрим--Makedonij (разговор) 20:38, 30 април 2009 (UTC)

Google Earth

уреди

Едно прашање до тебе. Сакам да уредувам статија за Google Earth,и сега прашањето е,како да биде насловот? Оргинал англиски(Google Earth) или превод на Македонски и ако е превод, како би бил најправилниот превод? --Wikimakpedia (разговор) 16:59, 2 мај 2009 (UTC)

„ТРКАЛАЈ ЈА ЗЕМЈАТА“--Makedonij (разговор) 00:33, 3 мај 2009 (UTC)
Јако е да ја тркаламе земјата, ама имаше една подолга дискусија за овие работи, и сè уште не беше ништо договорено за конвенциите за именување. Меѓутоа, имам работено во тим за превод на Линукс на неколку наврати и таму ни беше политика да не се преведуваат имињата на апликациите, што и е логично. Па така, статијата нека се вика Google Earth, а да има Гугл рт, гугл ерт, гугл еарт и сл. кои ќе пренасочуваат до страницата. -{админинстратор}-   гитардемон 11:29, 3 мај 2009 (UTC)

Дали сте знаеле

уреди

Здраво Гитар. Мислам дека е дибро предложувањето на факти за секцијата „дали сте знаеле“, но ќе те замолам да внимаваш на реченицата во горниот дел од секцијата Од најновите статии на Википедија. И јас имам многу интересни факти, но поради тоа што за нив не се поврзани новоуредени статии, сметам дека според ова не може ваквите факти да стојат во секцијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 4 мај 2009 (UTC)

Го имам во предвид, но не значи дека сè споменато мора да биде ново. Така на пример статијата за Битолски весник е нова, но за другите два весника се стари. Не дека е нешто посебно добра статијата за Битолски весник, но беше добро да излезе нешто на главна страница со содржина за весниците (не ни знаев дека имаме статии за нив). А тоа за УКИМ што го предложив, затоа и го ставив на гласање, не знаев дали е во ред или не да го ставиме таму, иако е статијата стара, во неа немаше никакви информации (беше лошо уредена), па откако ја уредив мислам дека сега се смета како нова. Или не? :) Како и да е, ѝ требаше малку освежување на таа 'рубрика', сега барем имаме систем за предлагање. -{админинстратор}-   гитардемон 23:12, 4 мај 2009 (UTC)

Не мора да биде добра, важно е да е нова статија и со неа да е поврзан интересен факт. Во право си дека сè споменато не мора да биде ново, бидејќи и не може да биде, но главниот дел за којшто се однесува фактот мора да биде нова статија. И не заборавај дека новата статија треба да биде претставена со задебелени букви, а фактот е концентриран со значење само на неа, а не при набројување како што е случај со Битолски весник. Во најновиот факт, подеднакво е значењето на фактот за трите весници, а не само за „Битолски весник“, а сите статии не се новоуредени. Добро би било малце да ја измениш реченицата. Баш ги погледнав и другите, гледам дека некои се добри, некои не се, а и во архивата исто. Мислам дека и е потребно средување на оваа секција.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:38, 4 мај 2009 (UTC)

Селата

уреди

Сакав и јас да ти пишам па еве сега. Јас мислам најдобро е другите службени јазици во општината да се ставаат во почетокот на реченицата, но не и во шаблон. Според мене нема потреба од ставање на тие јазици но ако сакате нека стојат но во почетокот на статијата. Ова важи за општините каде покрај официјалниот македонски јазик се користи и друг јазик од 20 % од населението. Поздрав--MacedonianBoy 19:32, 13 мај 2009 (UTC)

Но нема потреба. Се оптоварува шаблонот а нема вистинска потреба од тоа. Како службен јазик (не се официјални) доволно е да се напомене во статијата, доволно е мислам.--MacedonianBoy 19:36, 13 мај 2009 (UTC)
На сите статии за општини им ставаше име на друг јазик?--MacedonianBoy 19:42, 13 мај 2009 (UTC)
Па петнаесеттина сигурно. Туку сигурен си дека не се сметаат за службени, а не официјални? Тоа да не беше само за на државно ниво? -{админинстратор}-   гитардемон 19:48, 13 мај 2009 (UTC)
Како и да е, и во шаблоните за училиштата (основни и средни) имам вметнато многу имиња на албански (таму каде што се учи и на албански). Сепак тоа е правилно, а мислам дека и за општините и селата е правилно. Треба да поразговараме со другите корисници за ова. -{админинстратор}-   гитардемон 19:48, 13 мај 2009 (UTC)
Јас не сум за имиња во шаблони, а во статии може. Да разговараме на Селска Чешма пред да се продолжи со имиња на други статии.--MacedonianBoy 19:49, 13 мај 2009 (UTC)
Еве да земем пример од Википедијата каде се зборува јазикот кој го вметнуваш. Тука една буква кирилична нема :) Не треба да се ставаат имињата во шаблон, за ништо.--MacedonianBoy 19:52, 13 мај 2009 (UTC)
Види вака, ти имам кажано што мислам за соседните народи, ама тоа не значи дека ние треба да се правиме прости како сите нив (исток, запад, север, југ, а по најново и северозапад). Ако сака нека пишува и дека сме Кинези во тие Википедии, јас не сум ретардиран и ископлексиран (не се однесува на тебе, знаеш на кои, ама немој да постанеш и ти таков) за да правам такви работи поради такви причини. И да ми се најголеми душмани, сепак треба да биде информативна Википедија, ако сака некој навистина да дознае како се вика селото на албански, или дали некогаш Гоце Делчев рекол дека е Бугарин, ние треба да го скриеме тоа? Сè што е објективно вистинито треба да го кажеме, а не да се правиме како неандрталците околу нас (на крајот сепак ние испаѓаме поголеми неандрталци бидејќи „ако тие можат, можеме ние појаки да бидеме“). Јас мислам да си останат во шаблоните. Ќе го ставам сепак на чешмата. -{админинстратор}-   гитардемон 19:55, 13 мај 2009 (UTC)
Е сега ти многу ја утупи. Да не даде Господ да се угледуваме на исток и запад. Но зборот ми беше, од информативен карактер да си стои името во статијата не во шаблон.--MacedonianBoy 20:05, 13 мај 2009 (UTC)

Народни песни

уреди
Апсолутно да. На Википедија може да има песна но под услов да има тескт за песната, најмалку еден параграф. Сите други каде има само песна на Викиизвор одат. Тоа е и принцип на Википедија, да соработува со останатите сестрински проекти--MacedonianBoy 22:09, 14 мај 2009 (UTC)

Симнување и подигнување на .svg слики

уреди

Здраво, Гитар, еден мал совет: кога симнуваш слика од .svg формат, десен клик на сликата и Save Target As..., а не Save Image As... (под претпоставка дека користиш Firefox). На вториот начин ќе ја симнеш сликата во .png формат, па кога ќе ја подигнеш ќе изгледа нешто како: File:Ubuntu Logo.svg.png, а тоа не е убаво, оти се губи оригиналниот формат. Поздрав, Brainmachinewtf? 23:08, 18 мај 2009 (UTC)

Знам за ова меѓутоа моментално сум на osx па не можам да уредувам svg слики во случај да ми притреба па по навика користам save image as, ама ете не ми текна дека се зафркна форматот. Зборуваш за убунту сликата, ми текнува, ама јебига, заборавив. Ај ќе ја аплоудирам одново. -{админинстратор}-   гитардемон 10:50, 19 мај 2009 (UTC)
уреди

Проблеми со авторските права за Слика:Astana Montage.jpg

уреди
 
Проблем со авторските права

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Astana Montage.jpg. Меѓутоа, моментално недостигаат информации за статусот на авторските права врз неа. Википедија многу сериозно ги сфаќа авторските права. Доколку не се одреди лиценцата и изворот на сликата, можно е таа да биде избришана во краток временски рок. Ако ги знаете овие информации, можете да додадете ознака за лиценцата на страницата за опис на сликата.

Ако имате било какви прашања, слободно прашајте ги на Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Future Perfect at Sunrise (разговор) 08:15, 19 мај 2009 (UTC)

Покраините

уреди

Не ги пренасочувај така ги именуваме. Врати ги назад. Поздрав--MacedonianBoy 19:38, 26 мај 2009 (UTC)

Префектура Лерин, а не Лерин (префектура). По таа логика и ова (што впрочем е пракса за сите субдивизии на нашата Википедија). Инаку има многу децимали за промена ако сакаш помогни, а има и многу делови каде што пишува дистрикти и провинции кои нели се сега области и покраини соодветно. -{админинстратор}-   гитардемон 19:41, 26 мај 2009 (UTC)
Еј прекини со безвезе работи. Ја претеруваш.--MacedonianBoy 19:44, 26 мај 2009 (UTC)
Демек оти ти ги напрај, твои се статиите? Ти кажав зошто не треба да биде во заграда, а ти како мало дете си играш. Јас претерувам или ти? Ти кажав што можеш да направиш за да помогнеш, ти ја сакаш Монголија. А ти па, само си играш да вратиш сè што менувам јас. Ако сакаш помогни, ако не не терај инает (ти, не јас). -{админинстратор}-   гитардемон 19:45, 26 мај 2009 (UTC)
И пред тоа имало дискусија за ова, а и за сите вакви поделби. Треба со загради.--Р ашо  19:47, 26 мај 2009 (UTC)
Еј ај прекини со детски работи и фати се за работа а не тука цело време демек ја оправаш Википедија. Тие имиња се користат за секој можен град во Монголија и со името Сухбатар еден господ знае колку градови има во Монголија. Секаде се користени имињата со заграда и се имаме договорено за ова. Ќе те замолам осврни се на корисни работи како правење статии а не да кажуваш чии се статиите и која земја сакам. Барем сакам земја која никогаш не ме нарекле скопјанец.--MacedonianBoy 19:49, 26 мај 2009 (UTC)
Леле дај порасни сериозно, што ти е гајле која земја ја сакам јас и како ми викаат кога ми го пушат. Јас ти ја спомнав Монголија бидејќи ти се ангажираш за неа па ти треба повеќе заинтересиран да бидеш. Епа ајде направете ја Википедија по ваш терк, т.е. англиски со кирилично писмо. Ајде, важно ги преведе статиите како стигна за Монголија, не личат на ништо, па сега јас сум бил крив. Ајде промени ги сите тие работи што треба а не запнуваш за заградите. Речениците во статиите немаат никаква смисла, преведено буквално од англиски, децималите каде точки каде запирки, што како стигнало. Ако знаете толку многу, повелете сами. Ние сме прва википедија каде што сите знаат сè, ама ајде ќе видеме до кај ќе стигнеме. -{админинстратор}-   гитардемон 21:04, 26 мај 2009 (UTC)
Леле дај порасни сериозно, што ти е гајле која земја ја сакам јас и како ми викаат кога ми го пушат. Образован човек не го вели ова. И престану да напаѓаш особи, не те води никаде ова. А за покраините, баш не е исто со англиската види малку па коментирај. Гледај од коментарот кој е пораснат а кој не. Детска работа,--MacedonianBoy 21:56, 26 мај 2009 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Guitardemon666/Aрхива 6“.