Почетен курс за Википедија



Goranosis, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 143.617 статии.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (Корисник:Goranosis) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


If you are not able to speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.


Поздрав, brest, 01:40, недела, 28 април 2024

Маѓесништво уреди

Здраво, Goranosis. Ја видов статијата Маѓесништво, добра работа си направил. Сакав само да ти понудам помош ако случајно нешто ти треба или не ти е јасно. Слободно можеш да ми поставиш било какво прашање во било кое време. Сега би сакал само да ти дадам два-три совети. Приметив дека на англиската верзија на статијата си додал македонско интервики; тоа е добро (и многу важно). Исто така важно е и да додаваш интервикија на македонската статија, за да се снаоѓаме подобро. Јас (всушност, сите уредувачи) обично само ги копираат интервикијата од англиската верзија на статијата и на крај го додаваат и англиското интервики. За да ги додадеш истите интервикија што ги има на англиската, само ископирај ги од англиската и додај ги на македонската статија, секогаш најдолу (без македонското, нормално). Откако ќе ги ископираш од англиската, додај го и англиското интервики, пр. за оваа конкретна статија:

[[en:Witchcraft]]

(Јас веќе ги ископирав интервикијата на статијата Маѓесништво.) Ако веќе го знаеше ова, извини што повторувам, ама нема штета ако сепак споменам. :) Друга ситница што ги прави подобри статиите на Википедија се таканаречените внатрешни врски. Тоа се оние плави зборови што водат до други статии кога ќе ги кликнеш, сигурно знаеш. На пример, ова е статијата за маѓесништво. Како водич гледај каде има такви врски во англиската верзија на статијата (или во други статии) и додај ги и кај нас. За да направиш некој збор да биде врска до некоја статија, само додај два пара аглести загради околу зборот, [[вака]]. Тука имаш кратко објаснување.

Ако имаш некои прашања или сакаш да знаеш како се прави нешто, слободно прашај ме на мојата страница за разговор. Поздрав! --iNkubusse A? 22:21, 27 мај 2010 (CEST)Одговори

ДСЗ факт уреди

  Еден факт од статијата Шри Сатја Саи Баба, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 7 септември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:16, 7 септември 2011 (CEST)Одговори