Равиоли
Равиоли се вид на тестенини што се состојат од фил обвиен со тенко тесто за тестенини. Обично се служат во супа или со сос, тие се познати како традиционална храна во италијанската кујна. Равиоли се обично во форма на квадрат, иако се користат и други форми, вклучувајќи кружни и полукружни форми.
Зборот „равиоли“ значи „мала репа“ на италијански дијалект, од италијанскиот збор „rava“ што значи репа.
Историја
уредиПрвото појавување на равиолите се наоѓа во личните писма на Франческо ди Марко Датини, трговец од Прато во 14 век. Во Рим, равиолите биле веќе добро познати кога Бартоломео Скапи ги послужил со варено пилешко на папската конклава од 1549 година.[1]
Равиолите веќе биле познати во Англија од 14 век, појавувајќи се во англо-норманскиот велум. Според тоа, сицилијанските равиоли и равјулот на Малта се можеби постари од северноиталијанските. Малтешките равиоли се полнети со иркота, локално произведена рикота од овчо млеко или со гбејна, традиционалното свежо овчо млеко.
Традиционално, равиоли се прават дома. Филот варира во зависност од областа каде што се подготвуваат. Во Рим и Латиум филот се прави со рикота сирење, спанаќ, морско оревче и црн пипер. Во Сардинија, равиоли се полни со рикота и рендана кора од лимон.
Модерните равиоли масовно се произведуваат машински.
Околу светот
уредиВо Европа и во САД, свежо спакуваните равиоли имаат неколку недели рок на траење. Конзервираните равиоли може да се полнат со говедско месо, преработено сирење, пилешко или италијански колбас и да се сервираат во сос од домати, домати-месо или доматно сирење. Потпечени равиоли (равиоли кои се препечени и длабоко пржени) беа развиени во Сент Луис, Мисури и се популарно предјадење.
Равиоли исполнети со халуми се традиционално јадење со тестенини од кипарската кујна. Се варат во пилешка супа и се служат со рендан халуми и одозгора суво нане.
Равиолите во други култури
уредиВо Турција, мантии, слично на равиоли е популарно јадење. Се филува со зачинето месо и се служи со сос од пиперка и јогурт. Слични јадења во Кина се џиаози или вонтон.
Во Индија, популарното јадење наречено гуџија е слично на равиоли. Сепак, се подготвува слатко, со фил од суво овошје, шеќер и мешавина од слатки зачини, па се пржи во растително масло.
Еврејската кујна има слично јадење наречено креплач, „џеб“ од месо или друг фил, со покривка врз основа на тестенини од јајца. Се крчка во пилешка супа. Во тој начин на подготовка се чини дека е директен потомок или инспирација на оригиналното јадење, кое се крчкало во „чорба“. Клаудија Роден тврди дека потекнува од венецијанското гето во приближно исто време кога биле развиени равиоли и со текот на времето станале главен столб на еврејската кујна.
Слично блискоисточно јадење кое содржи тестенини е шишбарак исполнето со мелено говедско месо и варени во топол јогурт.
Наводи
уреди- ↑ Dickie Delizia, p. 11