Примоштен (хрватски: Primošten; италијански: Capocesto, Капочесто) — името на селото и општината во Шибенско-книнската жупанија, Хрватска. Се наоѓа на југ, помеѓу градовите Шибеник и Трогир, на јадранскиот брег.

Примоштен
Село и општина
Općina Primošten
Општина Примоштен
Поглед кон селото Примоштен
Поглед кон селото Примоштен
Карта
Држава Хрватска
Жупанија Шибенско-книнска жупанија
Површина[1]
 • Село и општина58,5 км2 (226 ми2)
 • Градска11,4 км2 (44 ми2)
Население (2021)[2]
 • Село и општина2.627
 • Густина4,5/км2 (12/ми2)
 • Градскo1.555
 • Градска14/км2 (35/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Postal code22202
Повик. бр.022
Рег. таб.ŠI
Мреж. местоprimosten.hr

Демографија

уреди

Вкупното население на општината е 2.828 (од пописот 2011 година), распоредено во следните населени места:[3]

 

Историја

уреди

Во минатото, Примоште се наоѓал на островчето блиску до копното. За време на османлиските инвазии во 1542 година, островот бил заштитен со ѕидини и кули, а мостот го поврзувал со копното. Кога Османлиите се повлекле, мостот за извлекување бил заменет со насипот и во 1564 година населбата го добила името Примоште по хрватскиот глагол primoštiti (да премости).

Изграден е на рид и во него доминира парохиската црква „Св. Ѓорѓи“ која била изградена во 1485 година и обновена во 1760 година во близина на мештанските гробишта од кои се простира уникатен поглед кон морето и околината.

Наследство

уреди

Примоштен е познат по огромните и прекрасни лозја. Фотографија од лозјата на Примоште висела во седиштето на ОН во Њујорк. Освен по лозјата, Примоштен е познат и по традиционалната трка со магариња која е одржувана таму секое лето. Најголемата плажа во Примоште се вика Радуча, а нејзиниот помал дел, Мала Радуча, е избрана за една од 10-те најубави плажи во Хрватска. Лозовите насади во оваа област моментално се разгледувани да станат светско наследство на УНЕСКО.[4]

Култура и настани

уреди

Манифестацијата наречена „Primoštenske užance“ е одржувана секоја година во средината на летото во Примоште. Станува збор за традиционален фолклорен фестивал на кој Примоштанците ја изложуваат својата култура и некогашниот начин на живеење во селото.[5]

Галерија

уреди

Спорт

уреди
  • ЈК Примоштен (едрење)
  • МНК Примоште (футсал)
  • РК Спонгиола (скокови во вода)
  • ВК Примоштен (ватерполо)
  • БК Примоштен (велосипедизам)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Register of spatial units of the State Geodetic Administration of the Republic of Croatia. Википодатоци Q119585703
  2. Предлошка:Croatian Census 2021
  3. „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Примоштен“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
  4. UNESCO - Primosten
  5. „Primosten - location, beaches, hotels and attractions“. www.sibenik-croatia.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-03-29. Посетено на 2018-03-28.

Надворешни врски

уреди

43°35′N 15°56′E / 43.583° СГШ; 15.933° ИГД / 43.583; 15.933