Пргас

поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Пргас или Бургас (грчки: Πυργάρι, Пиргари; до 1926 г. Πούργας, Пургас[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото се распаднало нешто по 1928 г.[2]

Пргас
Πυργάρι
Пргас is located in Грција
Пргас
Пргас
Местоположба во областа
Пргас во рамките на Постол (општина)
Пргас
Местоположба на Пргас во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.0′N 22°20.2′E / 40.7667° СГШ; 22.3367° ИГД / 40.7667; 22.3367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Надм. вис.&100000000000000070000007 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во Солунското Поле, западно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Пргас било ромско чифлигарско во Ениџевардарската каза.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пргас броел 140 Роми.[3]

Во Грција

уреди

Во 1912 г. Пргас е заведен како село со муслиманска вероисповед и ромски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 12 жители (7 мажи и 5 жени), а во 1920 г. имало 14 лица.[2] жени. Во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, па селото било напуштено. Во 1926 г. остатоците од селото се преименувани во Пиргари.[4] Во 1928 г. не се води како посебна населба, туку жителите се вбројани во состав на Балџа.[2]

Селото е конечно отселено и отпишано нешто по 1928 г. со почнувањето на мелиоративните работи врз Ениџевардарското Блато.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πούργας -- Πυργάρι
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 77–78.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  4. „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 10 јули 2019.