Портал:Археологија/Личности

Предлошка:ВикиПроект Археомак 2.0 хипер навигација Блага Алексова е родена на 20 јануари 1922 година во Тетово. Гимназија завршила во Скопје, а дипломирала на Групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје во 1950 година. Докторирала на тема од областа на средновековната археологија на Универзитетот во Љубљана во 1958 година. Работела како кустос во Градскиот музеј на Скопје од 1948 до 1950 година и во Археолошкиот музеј на Македонија (19501975), каде што го раководела Одделението за средновековна археологија. Од 1962 до 1975 година била директор на оваа национална институција. Специјализирала во Центарот за византиски студии на Харвардскиот универзитет во Вашингтон (1971 и 1983). Од 1975 година па сè до пензионирањето во 1983 работела во Институтот за историја на уметноста со археологија како професор по средновековна и ранохристијанска археологија.Прочитајте повеќе