Повикувачки броеви во Словенија
Словенија добила нова шифра на државата по распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија во 1991 година (која претходно имала +38 како повикувачки код на државата). Дополнително, стопанското друштво за мобилни телефони, Ipko во Косово[б 1] го користела словенечкиот повикувачки код +386
Должина на бројот
уредиСите телефонски броеви се долги 9 цифри (почетна 0 плус осум броеви). Првата, првите две или првите три цифри по нулата се шифрата на областа. Можните формати се: (0x) xxx xx xx, (0xx) xxx xxx и (0xxx) xx xxx .
Кога упатувате повик во истата област на фиксна телефонија (на Телеком), шифрата на областа е испуштена. Ако некој број е префрлен на друг оператор (на пр Т-2), сè уште може да се стигне без шифрата на областа; но за да се јавите од префрлен број, во сите случаи мора да се бира шифрата на областа. Примери:
- 01 xxx xx xx (Telekom) до 01 xxx xx xx (на Телеком) бира xxx xx xx
- 01 xxx xx xx (Telekom) до 01 xxx xx xx (на T-2) бира xxx xx xx
- 01 xxx xx xx (T-2) до 01 xxx xx xx (на Телекон или T-2) бира 01 xxx xx xx.
Ова не важи за броевите на мобилните телефони и броевите на VoIP, каде што секогаш мора да се ибирани регионалниот код.
Пример за јавување
уредиПрефиксот за меѓународен повик зависи од земјата од која се јавувате; на пример, 00 за повеќето европски земји и 011 од Северна Америка. За домашни повици (во земјата), мора да се бира 0 пред повикувачкиот број. Префиксот за меѓународни разговори од Словенија е 00 (на пр., за соединетодржавскиот број 00 1... треба да се бира).
Пример за повикување телефони во Љубљана е следниот:
- xxx xx xx (во рамките на Љубљана)
- 01 xxx xx xx (во рамките на Словенија)
- +386 1 xxx xx xx (надвор од Словенија)
Список на регионални кодови
уредиСписокот на области, групирани во историски и географски поголеми региони:
бр. | Област 1 | Код | |
Фиксни телефони 2 | |||
---|---|---|---|
1. | Љубљана | 01 | |
2. | Марибор, Мурска Собота, Равне на Корушка | 02 | |
3. | Цеље, Трбовље | 03 | |
4. | Крањ | 04 | |
5. | Копер, Постојна, Нова Горица | 05 | |
6. | Ново Место, Кршко | 07 | |
Мобилни телефонски броеви 2 | |||
7. | A1 (вклучувајќи Bob, HoT – Hofer Telekom, Ventocom) | 030, 040, 068, 069 | |
8. | Телеком Словенија (вклучувајќи ги Izimobil, Spar Mobil, Hip Mobil, SoftNET Mobil) | 031, 041, 051, 065 | |
9. | Telemach | 070, 071 | |
10. | Т-2 | 064 | |
11. | Mega M | 065 | |
VoIP 2 | |||
11. | Различни снабдувач | 059 (Телеком Словенија), 081, 082, 083 (Telemach) | |
Посебни броеви 3 | |||
12. | Бесплатни броеви | 080 | |
13. | Телегласање | 089 | |
14. | Комерцијални броеви | 090 | |
15. | Противпожарна бригада, брза помош, цивилна заштита | 112 | |
16. | Полиција | 113 |
Кодовите за повикување во табелата се доделуваат на нови клиенти од соодветниот добавувач. Сепак, можно е да се смени операторот и да се задржи старата шифра за повикување (заедно со остатокот од телефонскиот број) од 2006 година. Кодовите за повикување не мора да го одразуваат операторот, но не е возможно да се префрли мобилен број на копнен оператор и обратно.
До 31 декември 1997 година, броевите за итни случаи биле: полиција – 92, противпожарна бригада – 93, брза помош – 94, цивилна заштита – 985.
Поврзано
уредиЗабелешки
уреди- ↑ Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.