Планинарско друштво „Лисец“

„Лисец“ — македонско планинарско друштво, со седиште во Штип.

Историјат

уреди

Планинарското друштво „Лисец“ е основано во 1970 година.

Организација и менаџмент

уреди

Во рамките на ПД „Лисец“ постојат неколку секции: алпинистичка, спелеолошка, спасувачка и секција за водичи. Седиштето на друштвото е во Штип, а тоа раководи и со планинарскиот дом „Вртешка“ на планината Плачковица. Уште од своето основање, ПД „Лисец“ е организатор на планинарскиот марш „Февруарски поход“, којшто по смртта на претседателот Трајковски е преименуван во „Марш Борис Трајковски“.[1] Претседател на ПД „Лисец“ е Александар Санев.

Активности

уреди

Членови на ПД „Лисец“ ги своиле сите повисоки врвови на Балканскиот Полуостров и во Европа, почнувајќи од Монблан, па до бројни врвови во Норвешка, Финска, Италија, на Алпите, на Татрите итн. Исто така, тие имаат освоено и неколку врвови во Африка и во Азија. Алпинисти на „Лисец“ имаат учестувано во освојувањето на врвот Манаслу на Хималаите, еднаш како дел од македонска експедиција, а еднаш во состав на македонско-австралиска експедиција. Во 1993 година, двајца членови на „Лисец“, Трајче Алексов и Зоран Читкушев, биле дел од австралиско-македонска експедиција на Монт Еверест, но тие двајца не стигнале до самиот врв: Читкушев стигнал до 7.200 метри, а Алексов до 8.500 метри. На преминот меѓу 2014 и 2015 година, тројца членови на друштвото, Трајче Алексов, Александар Санев и Кире Стојанов заминале во Патагонија, со цел да освојат неколку врвови на Андите.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Штипски алпинисти тргнаа во поход во Јужна Америка“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 18.