Пирошки[1] (руски: пирожки́; украински: пиріжки) — руски и украински[2][3][4][5] печени или пржени земички, од стасано тесто, во форма на бротче, со различно полнење.[6][7] Пирошките се популарна улична храна и храна за душа во Русија и претставуваат стереотипски дел од руската култура.[8]

Печени пирошки полнети со печурки, месо, ориз и кромид

Етимологија

уреди

Нагласокот на зборот „пирошки“ паѓа на последниот. Рускиот збор „пирожок“[9] е деминутивен облик рускиот збор „пирог“ којшто означува пита со полна големина.[10] Зборот пирошки не треба да се меша со полскиот збор „пијероги“, кои на руски и украински се нарекуваат „вареники“.

Варијации

уреди

Типичната пирошка е во облик на чамец или поретко во форма на полумесечина, направена од стасано тесто со полнење кое е целосно обвиткано. Слични руски колачи (пироги) со други форми се кулибијак, калитка, растегаи и ватрушка.

Пирошките може да бидат пржени или печени и може да бидат слатки или солени. Најчесто, солените пирошки се полнат со мелено месо, пире од компири, печурки, варено јајце со младо кромитче, или зелка. Додека пак, слатките пирошки се полнат со овошје (јаболко, цреша, кајсија, лимон), џем или кварк (младо сирење). Печените пирошки може да се премачкаат со јајце за да добијат златна боја. Исто така, тие можат да се украсени со ленти од тесто. Пирошките обично се со големина на рака, а помалите пирошки може да се сервираат со супа.

Регионални верзии на пирошки

уреди
 
Пирошки од лиснато тесто

Балкан

уреди

Грчките „пирошки“ (грчки: πιροσκί) се популарни во определени делови на Грција во кои биле донесени од Грците од Понтија и во повеќето големи градови каде се продаваат како брза храна. Грчките пирошки (пироскија) се пржат во фритеза и се полнат со најразлични полнења.

Во Србија, локалниот вид е направен од печиво во форма на цилиндар и се нарекува пирошка. Се полнат со мешано мелено свинско месо и телешко месо или со урда и кулен, сос од домати и билки. Понекогаш се прават од поховани палачинки со различни полнења.

Балтички регион

уреди

Во Латвија, земичките во облик на полумесечина од стасано тесто наречени „спекрауши“ (буквално „тартови со свинска маст“), „спека пираги“ (честопати во деминутивен облик „спека пираѕиги“), а разговорно се користат и поимите „пираги“ или „пираѕиги“. Тие се традиционално полнети со пушена свинска маст и кромид, а има и други полнења. Сепак, зборот „пираги“ не се користи само за овие земички, туку може и да се однесува на разни други колачи, како што се пити и лиснато тесто. Всушност, „пираги“ биле честа храна за ручек за земјоделците и овчарите кои работеле на полињата.

Оваа традиција постои и во Естонија и Финска. Земичките познати како „пирукад“ и „сајакесед“ се прилично мали по големина, со регионални варијации во однос на полнењата. Обично се прават од лиснато тесто. Популарни се и отворените пити со кои се покрива целиот плех за печење и се слични на американските пити. Има многу рецепти, во кои се користат месо, зелка, моркови, ориз, јајца и други полнења и мешавини за полнење. Слатките полнења се популарни, како на пример солениот „пирукад“ со полнења со јаболко, разни бобинки, марципан, разни зачини и џем.

Кавказ

уреди

Руската варијанта на пирошки е вообичаена брза храна во Ерменија и Азербејџан. Во Ерменија често содржи компир или фил со зачинето месо. Во Азербејџан често се јаде како десерт и најчесто се полни со крем.

Средна Азија

уреди

Пирошките се брза храна која често се среќава на улиците на земјите од Средна Азија во Казахстан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан, Киргистан, Монголија, каде што истите биле донесени од Русите. Пирошките се јадење кое е често подготвувано во домовите на луѓето во овие земји.

Источна Азија

уреди

Пирошките се исто така брза храна која многу често се среќава во Монголија, а е и храна која што голем број на семејства ја прават дома.

Финска

уреди

Финската верзија е наречена „лихапирака“ (фински: lihapiirakka), којашто е популарна улична храна направена со тесто за крофни, мелено месо и ориз.

Иран

уреди
 
Ирански домашни пирошки со помфрит

Иранската верзија „пирашки“ (персиски: پیراشکی) често се послужува како десерт или како улична храна. Најчесто се полни со крем за пециво, но се полнат и со компири и месо. Иранските продавници за слатки во Лос Анџелес измислија други верзии како на пример оние со чоколадо и боровинки.

Јапонија

уреди

Јапонската верзија, наречена „пиршоики“ (јапонски: ピ ロ シ キ претежно се пржи, се полни со мелено месо, варено јајце, тестенини од грав и млад кромид, а најчесто се панираат со панко пред пржење, со примена на јапонскиот „менчи-кацу“. Друга популарна верзија се пирошки полнети со јапонско кари, што е прилично слично со „каре-пан“ за кое се вели дека било инспирирано од пирошките.

Америка

уреди

Волшките Германци од Волга донеле различни видови пирошки во Америка. Денес, тие се познати како „бирок“, „пирок“ или „рунза“, а се дел од неколку регионални кујни во САД, Канада и Аргентина. Руската дијаспора во Америка по Руската револуција и Граѓанската војна ги донела класичните руски верзии на пирошките.

Наводи

уреди
  1. Also transliterated as piroshki
  2. Yakovenko, Svitlana (2018-10-14). Ancient Grains: Ukrainian Recipes (англиски). Sova Books.
  3. „Pyrizhky (Ukrainian Cabbage Buns) – Claudia's Cookbook“ (англиски). Посетено на 2019-04-01.
  4. Olha7397. „Ukrainian Pyrizhky With Meat Filling Stuffed Buns) Recipe - Genius Kitchen“. www.geniuskitchen.com. Посетено на 2019-04-01.
  5. „Traditional foods“. www.encyclopediaofukraine.com. Посетено на 2019-04-01.
  6. „piroshki | Definition of piroshki in English by Oxford Dictionaries“. Oxford Dictionaries | English. Архивирано од изворникот на 2018-09-01. Посетено на 2018-08-31.
  7. Grimes, William, уред. (2004-09-01). Eating Your Words: 2000 Words to Tease Your Taste Buds (англиски) (1. изд.). Oxford; New York: Oxford University Press. ISBN 9780195174069.
  8. Darra Goldstein (1999). A Taste of Russia: A Cookbook of Russian Hospitality. Russian Information Service. стр. 54. ISBN 9781880100424.
  9. Also transliterated as piroshok
  10. The full-sized pie can also be called by the diminutive name for purely stylistic reasons.

Литература

уреди