Петар Лазов

македонски математичар и универзитетски професор од 1989 година

Петар Лазов (познат и како Петар Ристо Лазов; р. 25 јуни 1946 во Кавадарци) — македонски математичар и универзитетски професор од 1989 година.

Петар Лазов
Роден Петар Ристо Лазов
25 јуни 1946(1946-06-25)(78 г.)
Кавадарци, СФРЈ СФР Југославија
Починал август 2022 година
Националност Македонец
Занимање математичар
Сопружник Љубица Лазова род Чејкова
Деца Игор Лазов, Ива Лазова

Животопис

уреди

Дипломирал во 1969 година на Електротехничкиот факултет во Белград, каде што и магистрирал во 1975 година, а во 1977 година докторирал со темата „Полиномни решенија на алгебарски диференцијални равенки и нивна примена при факторизација на полиномни диференцијални оператори“, под менторство на проф д-р Драгослав Митриновиќ на Електротехничкиот факултет во Белград. Станал редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1989 година. Објавувал научни трудови главно од областа на диференцијалните равенки.[1]

Негови познати трудови од областа на диференцијалните равенки се:

-         Самостојни: Кон решавањето на радијалната Бранова равенка во затворен облик (1976), За еден резултат на D. I. Koehler и T. J. Pignani (1977), За s – полиномот (1974), За една класа линеарни диференцијални равенки од N – ти ред интеграбилни со квадратури (1974), За еден резултат на M. Bhargana и N. Kaufman (1974), За една воопштена Лапласова диференцијална равенка од трет ред (1976).

-         Коавторство со проф. д-р. Драган С. Димитровски: Решавање на некои класи линеарни диференцијални равенки од втор ред со метод на диференцирање (1974), За една класа диференцијални равенки чиј општ интеграл е полином (1974),

-         Коавторство со проф. д-р. Цана М. Мазлум: Факторизација на една специјална класа полиномни диференцијални оператори (1974).

Во 1981 вата година е издаден учебникот Елементи на математичката анализа со некои примени во коавторство со проф. д-р. Ѓорѓи М. Ивановски како учебник за студентите од прва година на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Ја има една од главните заслуги за воведувањето на предметот Математички методи во техниката на насоката КТИА на тогашниот ЕТФ во Скопје, како и за воведување на насоката Применета математика на насоката КТИА на вториот циклус студии на истиот факултет.

Во соработка со проф д-р Анета Бучковска го има издадено трудот About Some Generalizations of the Square Root Functions Using a Simple Vector Chain (2000), додека во соработка со проф д-р Билјана Јолевска – Тунеска издаден е трудот: Polynomial solutions on matrix differential equation of Ricatti type.

Од поновата работа, во соработка со проф д-р Игор Лазов објавени се трудовите: A general methodology for population analysis (2014) и Entropy – based estimation of the birth – death ratio (2022).

Почина август 2022 година по кратко боледување и последици од пандемијата на КОВИД-19 во Македонија на 76 годишна возраст.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лала“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 787. Text "series " ignored (help)