Драгослав Митриновиќ

Драгослав Митриновиќ (Смедерево, 23 јуни 1908 - Белград, 2 април 1995 ) – универзитетски професор, математичар.[1]

Драгослав Митриновиќ
Роден 23 јуни 1908
Смедерево
Починал 2 април 1995
Белград
Националност Србин
Занимање универзитетски професор, академик

Животопис

уреди

Митриновиќ завршил студии по математика во 1932 година, а докторирал во 1933 на Филозофскиот факултет во Белград со тезата „Истражувања за една важна диференцијална равенка од прв ред“. До 1946 година работел како професор во гимназија, а во ноември истата година, од Матичната комисија на Филозофскиот факултет бил именуван за вонреден професор. Од 1951 бил вонреден, а од 1956 редовен професор на Електротехничкиот факултет во Белград. Тој бил основоположник на Математичкиот институт и високошколската настава по математика во Македонија и автор на огромен број научни трудови и универзитетски учебници.

Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија за наука и уметност надвор од работниот состав.[1]

Творештво

уреди

Учебници:

  • Зборник математичких проблема са прилозима у нумерички таблицама (три тома), Београд, 1957– 1960;
  • Д. С. Митриновић, Д. Михајловић, Линеарна алгебра – Аналитичка геометрија – Полиноми (во подоцнежните изданија – и П. Васић), Београд, 1959;
  • Д. С. Митриновић, Д. Ђоковић, Специјалне функције, Београд, 1964;
  • Комплексна анализа, Београд, 1967;
  • Митриновић, Ј. Кечкић, Једначине математичке физике, Београд, 1972.

Монографии:

  • D. S. Mitrinovic, E. S. Barnes, D. C. B. Marsh, J. R. M. Radok, Elementary Inequalities, Groningen 1964; *Nejednakosti, Beograd, 1965;
  • D. S. Mitrinovic, R. B. Potts; Elementary matrices, Groningen, 1965;
  • D. S. Mitrinovic, J. Ulcar, Differential geometry, Groningen, 1969;
  • D. S. Mitrinovic, P. Vasic, Analytic Inequalities, Springer Berlin-Heidelberg-New York, 1970.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 968. ISBN 978-608-203-024-1.