Петар Колев (политичар)

Петар Колевмакедонски политичар и публицист. Тој е поранешен член и претседател на здружението „Македонско-бугарско пријателство“. Претседател на политичката партија Граѓански демократичен сојуз.[1][2] Бил пратеник на Собранието.

Петар Колев
Роден 1986
Ново село, СР Македонија
Националност Македонец
Занимање Политичар, публицист

Биографија

уреди

Петар Колев е роден во 1986 година во штипско Ново село, тогаш во СР Македонија, СФР Југославија. Завршува факултетското образование во Бугарија, како специјалист на право во Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.[1] Во периодот меѓу 2009 и 2010 година е телевизиски водител на предавањето „Облаче ле бело“ на бугарската телевизија СКАТ.[3] Подоцна е координатор за Република Македонија на политичка партија ВМРО-БНД. Тој денеска живее во Штип.

Политички дејности

уреди

Петар Колев го создал здружението „Македонско-бугарско пријателство“ како обид на подобрување на односот меѓу Македонија и Бугарија. Подоцна станал претседател на политичката партија Граѓанска демократска унија. Според Петар Колев бугарското малцинство во Македонија не постои.[4] При еден интервју со ТВ Алфа тој сам се декларирал како Македонец но имал бугарски пасош заради неговото несогласување со политиката на владата.[5]

Според Петар Колев бројот на Бугари во Македонија според пописот на 2021 година е спорен поради тоа што на претходниот попис во 2002 година имаше околу 1500 бугаромани но во најновиот попис во 2021 имаше 3504. Тоа означува дека бугарското малцинство беше единствениот народ во Македонија каде што се зголеми после пописот на 2002.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Претседателот на ГДУ, Петар Колев, стана дел од тимот на бугарската новинската агенција БГНЕС (2022) од 360степени
  2. За лидер на новата партија „Граѓанско Демократска Унија“ е избран екс претседателот на „Македонско-бугарско пријателство“ (2018) од Фокус
  3. „Петър Колев от РС Македония: В Скопие още учат, че българите сме крадци и фашисти“. Новини.бг. 14 април 2022 г. Посетено на 19 февруари 2023 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. При една изјава од Петар Колев во 2021 тој спомнува: „Каде во Македонија вие сте виделе во Уставот или некаде дека постојат Бугари? Каде сте слушнале вие некаква позиција на ГДУ дека се залага за некакви права на некого?“ видете Еднаш македонски бугарин, друг пат етнички бугарин, кој е Петар Колев?
  5. „Јас сум еден од сто и педесетте илјади Македонци, кои решиле да земат бугарски пасош, како резултат на лошите политики во оваа држава, рече Колев. Јас тоа не го кријам, бидејќи не сакам утре во рамките на политиката тоа да ми го префрлаат.“ (видете Коровешовска му објави видео како се потсмева со Македонија – Петар Колев вели, не е тоа што мислите (2020) од Галама)
  6. „На Парламентарните избори освоивме 3.555 гласа, а на пописот беа изброени 3.504 граѓани кои се самоопределилe како македонски Бугари?! Единствената заедница во Македонија, која се зголемила за овие 20 години со два и пол пати, е бугарската. Додека сите останати заедници се намалиле со многу, само Бугарите се зголемуваат, иако не сум слушнал да имаат по 4-5 деца?!“ изјавил Колев (видете За едни попис – за други отпис! (2022) од Вечер)