Отвори го главното мени

Пеперутката од Динар (италијански: Farfalla di Dinard) - збирка куси раскази на италијанскиот писател Еуџенио Монтале од 1960 година.

СодржинаУреди

Збирката ги содржи следниве раскази:[1]

  • Ветрушка
  • Убавото доаѓа потоа
  • Непријателите на господинот Фухс
  • Доминико
  • Посетата на Аластор
  • Жени на кармата
  • Блескави очи
  • Slow
  • Ангелче
  • Уривање на пепелта
  • Човекот во пижама
  • На границата
  • На плажа
  • Статуа од снег
  • Пеперутката од Динар

За збиркатаУреди

„Пеперутката од Динар“ е најпознатото прозно дело на Монтале. Тоа е збирка кратки состави со силна автобиографска нота, напишани меѓу 1946 и 1950 година. Оваа книга се одликува со повремена иронија, со нагласена трогнатост и со истенчен лиризам, но секој расказ претставува мало ремек-дело на стилот и вкусот, често претворајќи се во поезија во проза.[2]

НаводиУреди

  1. Eugenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979.
  2. Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 169.