Ластовичкина опашка
Ластовичкина опашка | |
---|---|
Поглед од грбниот дел на пеперутката] | |
Долниот дел од телото на пеперутката, | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Papilionidae |
Род: | Papilio |
Вид: | P. machaon |
Научен назив | |
Papilio machaon Linnaeus, 1758 | |
Синоними | |
Список
|
Ластовичкина опашка (Papilio machaon) е име на вид на пеперутка од семејството пеперуги Ластовичарки.
Латинско име
уредиЗборот „папилио“ на латински значи „пеперутка“, а зборот „махаон“ е лик од старогрчката митологија.[1]
Таксономија
уредиПеперутката била именувана од Карл Линеаус во 1758 година, заедно со уште други 200 видови пеперутки. Подоцна Пје Андре Латреј ја класифицирал како дел од групата на Ластовичарки.[2] Papilio appalachiensis и Papilio xuthus се истиот вид.
Распространетост и статус
уредиОваа пеперутка е присутна во целиот палеарктички регион, почнувајќи од Русија до Кина и Јапонија, (вклучувајќи ги и Хималаите и Тајван), и секаде низ Алјаска, Канада и САД. Во Азија се појавува уште јужно од Саудиска Арабија, Оман, високите планини на Јемен, Либан, Иран и Израел. Во јужна Азија се јавува во Пакистан и Кашмир, северна Индија (Сиким, до Асам и Аруначал Прадеш), Непал, Бутан и северен Мјанмар.[3]
Оваа пеперутка е широко распространета во Европа. Во Македонија доста се среќава по планините.
Бидејќи пеперугата е распространета низ цела Евроазија и често е вообичаен, таа не е загрозена како вид.[3] Таа е наведена како „ранлива“ во Јужнокорејската и Австриската книга за црвени податоци и во Црвената книга на податоци на поранешниот Советски Сојуз.[3] Во Ерменија видовите демонстрираат стабилен популациски тренд и се оценуваат како Најмала загриженост.[3]
Во некои земји, П. махаон и неговите подвидови се заштитени со закон. Видот е заштитен во Велика Британија, а подвидовите се заштитени во Индија.[3]
Животен циклус
уредиОбично има од два до три раѓања во една година.
Наводи
уреди- ↑ Michael A. Salmon, Peter Marren & Basil Harley (2000). „The Swallowtail – Papilio machaon Linnaeus“. The Aurelian legacy: British butterflies and their collectors. University of California Press. стр. 252–254. ISBN 978-0-520-22963-1.
- ↑ E. D. Edwards, J. Newland & L. Regan (2001). „Papilionoidea: Papilionidae. Swallowtails“. Lepidoptera: Hesperioidea, Papilionoidea. Volume 31 of Zoological Catalogue of Australia. CSIRO Publishing. стр. 409–443. ISBN 978-0-643-06700-4.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Collins, N. Mark; Morris, Michael G. (1985). „Papilio (Papilio) machaon Linnaeus, 1758“. Threatened Swallowtail Butterflies of the World: The IUCN Red Data Book. Gland & Cambridge: IUCN. стр. 93–94. ISBN 978-2-88032-603-6 – преку Biodiversity Heritage Library.
Надворешни
уреди„Ластовичкина опашка“ на Викивидовите ? |