Малаја
Малаја или Полуостровска Малезија (малајски: Semenanjung Malaysia) е делот од Малезија кој се протега на Малајскиот полуостров, и копнено се граничи со Тајланд на север. Поврзан е со насип и мост со островот Сингапур јужно. Преку Малакскиот проток западно се наоѓа островот Суматра. Источна Малезија (на островот Борнео) се наоѓа источно преку Јужнокинеското Море.
Покрани и територии
уредиМалаја се состои од следниве 11 покраини и 2 федерални територии (од север кон југ):
- Северен регион: Перлис, Кедах, Пенанг, Перак
- Источен крајбрежен регион: Келантан, Теренгану, Паханг
- Централен регион: Селангор, федерални територии Куала Лумпур и Путраџаја
- Јужен регион: Негери Сембилан, Малака, Џохор
Малаја е и името на национална шума или света градина, еднаква на Рајската Градина, по традицијата Шамбала.
Историска употреба
уредиЗборот „Малаја“ се користи и во смисла на Британска Малаја и Федерацијата Малаја.
Други одлики
уредиЗападна и источна Малезија се разликуваат не само географски, туку и по различната структура на судството. Источните покраини имаат повеќе автономија отколку првичните покраини на Малезија, и ја ограничуваат имиграција од полуостровот.