Патека на солзите
- За патот на Исус Христос на брдото Голгота, каде што бил распнат на крст, види Патот на солзите
Патеката на солзите се нарекува преселбата на индијанските племиња во САД од нивната земја на индијанската територија (денес Оклахома) во западниот дел на САД. Изразот потекнува од описот на преселбата на нацијата Чокто во 1831 година.[1] Многу од нив умреле од измрзнување, болести и глад на патот до новата територија. Само од племето Чероки умреле 4.000 од 15.000 кои тргнале на присилната преселба.[2]
Во 1831 година, племињата Чероки, Чикасо, Чокто, Мускоги-Крик и Семиноли (сите заедно наречени и Пет цивилизирани племиња) живееле како автономни народи во јужниот дел на Америка. Процесот на „културна трансформација“ (предложен од Џорџ Вашингтон и Хенри Нокс) се случил токму тогаш.[3] Ендрју Џексон бил првиот американски претседател кој го спровел иселувањето на индијанските племиња со актот од 1830 година за иселување. Во 1831 година племето Чокто биле првите кои биле присилно преселени. После нив се преселени Семинолите во 1832 година, Крик во 1834 година, па Чикасав во 1837, и на крајот Чероките во 1838 година. До 1837 година, иселени се 46.000 американски староседелци од југоисточните територии. Племињата ѝ отстапиле на федералната влада над 100 милиони акри источна земја, а за возврат добиле околу 68 милиони долари и 32 милиони акри во далеку помалку гостопримливи земјишта западно од Мисисипи.[4][5]
Преселбата на народот Чокто
уредиНародот Чокто живеел во подрачјата кои денес ги знаеме како Алабама, Мисисипи и Луизијана. После серија на расправии започнувајќи од 1801 година, припадниците на овој народ е истуркани од својата земја. Со договор од 1831 година им е отстапена земјата на САД, а договорот вклучувал и дозвола за останување на земјата на некои семејства Чокто. Тие се иселени во три фази започнувајќи од 1831 до 1833 година. Започнувајќи на 1 ноември 1831 година, Чоктавите се селени со државни вагони, и однесени се во предели каде температурата долго време била под нулата. Имало и застој во преселбата поради ниските температури, храна снемувало, а на секој човек дневно му давале само едно канче варена пченка, парче репка и две канчиња топла вода. Кога стигнале до одредиштето што била одредена за нив, Литл Рок, поглавицата на Чокто изјавил за весникот „Арканзас Газета“ дека преселбата била „патека на солзите и смртта“.[6] Групата Чокто од Виксбург била водена од водич кој не го познавал теренот, и сите се изгубени во мочуриштата на езерото Провиденс.
Околу 17.000 Чокто се преселени во таканаречената индијанска територија, која подоцна е наречена Оклахома.[7] Околу 2.500–6.000 умреле за време на преселбата, а околу 5.000–6.000 Чокто останале во Мисисипи во 1831 после првите преселби.[8][9] Тие кои решиле да останат во новоформираната држава Мисисипи биле предмет на постојани конфликти, вознемирувања и заплашувања.
Отпорот на Семинолите
уредиФедералната влада на САД ја добила Флорида од Шпанците. Во 1832 година повикани се Семинолите да се преселат на запад, во резерватот на Крик, и да станат дел од племето Крик, но тие не сакале. Делегација од седум поглавици во октомври 1832 година отишле да ја извидат новата територија, и после неколкумесечни преговори со народот Крик, кои веќе биле таму, седумте поглавици потпишале изјава на 28 март 1833 година дека новата територија е прифатлива. Но, по враќањето во Флорида, повеќето од поглавиците се откажале од потпишаната изјава, тврдејќи дека не ја ни потпишале или дека биле присилени да ја потпишат, и на крајот дека немаат моќ да решаваат за целото племе. На 28 декември 1835 година, група Семиноли заедно со избегани робови ја нападнале американската армија од заседа која со сила требало да ги исели Семинолите. Од 110 трупи преживеале само 3, и со тоа е започната втората војна со Семинолите.
Војната завршила во 1842 година. Проценето е дека федералната влада на САД потрошила околу 20.000.000 долари во таа војна, што во тоа време било огромна сума. Повеќето Индијанци се насила иселени западно од Мисисипи, а некои се повлекле кон мочуриштата. На крајот, федералната влада се откажала од прогонување на останатите стотина Семиноли, и ги оставила.[10]
Наводи
уреди- ↑ Len Green. „Choctaw Removal was really a "Trail of Tears"“. Bishinik, mboucher, University of Minnesota. Архивирано од изворникот на 2008-06-04. Посетено на 2008-04-28.
- ↑ Nancy C., Curtis. Black Heritage Sites. United States: ALA Editions. стр. 543. ISBN 083890643 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). - ↑ Perdue, Theda. „Chapter 2 "Both White and Red"“. Mixed Blood Indians: Racial Construction in the Early South. The University of Georgia Press. стр. 51. ISBN 0-8203-2731-X.
- ↑ Indian removals 1814 - 1858
- ↑ Ален Бринкли, Историја на САД, Штрк, Скопје, 1999, стр. 223.
- ↑ Chris Watson. „The Choctaw Trail of Tears“. Посетено на 2008-04-29.
- ↑ Satz, Ronald. „The Mississippi Choctaw: From the Removal Treaty of the Federal Agency“. Во Samuel J. Wells and Roseanna Tuby (уред.). After Removal: The Choctaw in Mississippi. University Press of Mississippi. стр. 7. ISBN 0878052895.
- ↑ Baird, David. „The Choctaws Meet the Americans, 1783 to 1843“. The Choctaw People. United States: Indian Tribal Series. стр. 36. Library of Congress 73-80708.
- ↑ Walter, Williams. „Three Efforts at Development among the Choctaws of Mississippi“. Southeastern Indians: Since the Removal Era. Athens, Georgia: University of Georgia Press.
- ↑ Covington, James W. 1993. The Seminoles of Florida. Gainesville, Florida: University Press of Florida. ISBN 0-8130-1196-5. Pp. 145-6