Индијанска Територија

(Пренасочено од Индијанска територија)

Индијанска Територија или „Индијанско подрачје“ — територија во САД посебно одредена за домородните племиња. Границите биле одредени со посебен закон од 1834 година.

Индијанската Територија, 1836
Оклахома и Индијанската Територија, 1890-ти години
Индијанската Територија, 1891

Територијата служела како дестинација за отстранување на Индијанците од страна на американските претседатели од тоа време (почеток на 19 век). Со законот за преселба на Индијанците од 1830 година, претседателот Ендрју Џексон присилно ги преселил таканаречените „Пет цивилизирани племиња“ од југот. Преселбата е позната под името „патеката на солзите“. Патот завршувал во Арканзас и Оклахома, каде веќе живееле некои индијански племиња, како и бели дојденци и избегани робови. Племињата како што се Чеените, Апачите и други, се исто така насилно иселени од земјата на своите претци и префрлени се на Индијанската Територија.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди