Парнас (италијански: Il Parnaso, што се однесува на планината Парнас) — фреска на италијанскиот уметник од високата ренесанса, Рафаел, во Рафаеловите одаи („Stanze di Raffaello“), во Апостолскиот дворец во Ватикан, насликана по нарачка на папата Јулиј II. Веројатно тоа бил вториот ѕид од Stanza della Segnatura што бил насликан помеѓу 1509 и 1511 година,[1] по Расправа и пред Атинската школа, кои зафаќаат други ѕидови од просторијата.[2]

Парнас
Il Parnaso
Творец Рафаел
Година 1509–1511
Вид Фреска
Димензии широка 670 cm
Место Апостолски дворец, Ватикан

Преглед

уреди

Целата соба ги прикажува четирите области на човековото знаење: филозофија, религија, поезија и право, а Парнас ја претставува поезијата. Фреската ја прикажува митолошката планина Парнас каде што живее Аполон; тој е во средиштето и свири на инструмент (современа лира да брачио наместо класична лира), опкружен со девет музи, девет поети од антиката и девет современи поети. Аполон, заедно со Калиопа, музата на епската поезија, ги вдахновува поетите.[3][4]

Рафаел го користел лицето на Лаокон од класичната скулптура Лаокон и неговите синови, ископана во 1506 година, а исто така и во Ватикан за неговиот Хомер (во темно сина облека лево од средиштето), изразувајќи слепило наместо болка. За две од женските фигури на фреската е кажано дека се реминесценција наЕвтерпа и Сафо од Микеланџеловата Создавањето на Адам.[5] Сафо е единствената поетеса прикажана, веројатно идентификувана за да не се меша со муза; таа е доцен додаток кој не се појавува во гравурата на Маркантонио Раимонди што претставува цртеж на фреската.

Прозорецот под фреската Парнас прикажува поглед на Монс Ватикан, за кое се верува дека му е посветено на Аполон. Хуманистите, како што се Бјондо, Вегио и Албертини, се однесуваат на античкиот бог на сонцето на Ватикан.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди
  • Список на слики од Рафаел
  • Фриз од Парнасус

Наводи

уреди
  1. Marcia B. Hall (ed.), The Cambridge Companion to Raphael, Cambridge University Press, 2005, p. 195.
  2. Jones and Penny, p. 74: "The execution of the School of Athens ... probably followed that of the Parnassus."
  3. Paoletti, J; Radke, G (2005) [1997]. Art in Renaissance Italy. London: Laurence King Publishing. стр. 409. ISBN 1-85669-439-9.
  4. 4,0 4,1 Stinger, C (1998) [1985 (hardback)]. The Renaissance in Rome. Bloomington, IN: Indiana Bloomington Press. стр. 199. ISBN 0-253-33491-8.
  5. Joannides, P (1983). The Drawings of Raphael: With a Complete Catalogue. Berkeley and Los Angeles, CA: University of California Press. стр. 20. ISBN 0-520-05087-8.

Надворешни врски

уреди