Парк на природата Јегричка

Паркот на природата Јегричка се наоѓа на територија на Војводина меѓу општините Бачка Паланка, Темерин, Врбас и Жабаљ. Зафаќа површина од 11,144 хектари и 81 ари.[1] Се наоѓа под заштита на државата како значајно природно богатство од III категорија.[2] Според класификацијата на Меѓународен сојуз за заштита на природата (МСЗП) спаѓа во V категорија како заштитен копнено/морски предел.[3] Овој парк се наоѓа во средниот тек на реката Јегричка.

Парк на природата Јегричка
МСЗП — Категорија V (заштитен копнен/морски предел)
МестоСрбија
Најблизок градБачка Паланка
Површина11.44
Воспоставен(а)2003. година
Управно телоСрбија

Географски одлики

уреди

Паркот се наоѓа во Бачка и во него доминираат речни, мочуришни и барски биотопи. Пределот е оббраснат со трска, хидрофилни ливади и солени регии. Се наоѓа на надморска височина од околу 70 метри. Климата е умерено-континентална, летата се долги и топли, додека зимите се остри. Најважниот речен тек е Јегричка, чиј дел на овој простор е заштитен со закон поради особените природни одлики. 

Флора и фауна

уреди

На просторот на паркот се наоѓаат околу 80 видови на водни и мочуришни растенија, од кои многу се заштитени како: белиот лотус (Nymphea alba), водена папрат (Thelypteris palustris), воден орев (Trapa natans), мешинка (Utricularia vulgaris), и други.[4] Фауната ја чинат околу 150 регистрирани животински видови, од кои многу се ретки и загрозени видови  — голем воден бик (Botaurus stellaris), големото штипче (Podiceps nigricollis), црниот кожувар (Aythya nyroca), патка лажичарка (Anas clypeata), дива гуска (Anser anser), блатна еја (Circus aeroginosus), мала барска кокошка  (Porzana parva), синогушка (Luscinia svecica), белобрада рибарка и црна рибарка (Chlidonias hybridus, Ch. niger).[5] Јегричка е исто така важно живеалиште на видри, што докажува дека има здрав, богат фонд на риби од околу 80 алохтони и автохтони видови, во чисто еколошко живеалиште.[6]

Мерки на заштита

уреди

На просторот на Паркот на природата Јегричка се спроведуваат мерки за заштита на природните богатства.[7] Такви мерки се: отстранување на калта, ограничено користење на пестициди, забрана на сечење на трски, културно однесување и собирање на отпадокот. Во заштитениот простор овозможена е научна-истражувачка работа, туризам, рекреација, едукација, уредување на бреговите и стазите, како и мониторинг на растителните и животинските видови.[8]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Парк природе Јегричка — површина“. Eko.vojvodina.gov.rs. Посетено на 30 април 2012.[мртва врска]
  2. „Парк природе Јегричка — степен заштите“. Eko.vojvodina.gov.rs. Посетено на 30 април 2012.[мртва врска]
  3. „Парк природе Јегричка — категорисање“. Eko.vojvodina.gov.rs. Посетено на 30 април 2012.[мртва врска]
  4. „Заштићене биљне врсте“. Eko.vojvodina.gov.rs. Посетено на 30 април 2012.[мртва врска]
  5. „Животињске врсте у оквиру парка природе“. Eko.vojvodina.gov.rs. Посетено на 30 април 2012.[мртва врска]
  6. „Рибљи фонд“. Eko.vojvodina.gov.rs. Посетено на 30 април 2012.[мртва врска]
  7. „Мере заштите“. Falco.org.rs. Архивирано од изворникот на 2013-12-01. Посетено на 30 април 2012.
  8. „Парк природе Јегричка — Могућности коришћења“. Eko.vojvodina.gov.rs. Посетено на 30 април 2012.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди