Голем воден бик
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Штрковидни
Семејство: Чапји
Род: Botaurus
Вид: Голем воден бик
Научен назив
Botaurus stellaris
(Карл Лине, 1758)
Botaurus stellaris

Големиот воден бик (Botaurus stellaris) е птица од семејството на чапјите. Го има и во Македонија.

Распространетост

уреди

Големиот воден бик е распростанет во Азија и Европа крај водните површини со трска и рогозина. Бројот им се намалува иако не е загрозен вид. Во Европа има 20-44 000 мажјаци.[2] Најмногу се застапени во западна и јужна Европа. Се сели на југ од местата каде водата зимно време замрзнува. Освен европските видови (Botaurus s. stellaris) тука се и: јужноамериканскиот (Botaurus pinnatus), американскиот (Botaurus lentiginosus) и австралискиот воден бик (Botaurus piciloptilus), јужноафриканскиот (Botaurus s. capensis).[3]

Опис

уреди

Овие птици имаат светло, пепелаво-кафено перје, испрскано со потемни точки и прошарано со линии. Има неелегантна форма, а мажјакот и женката се слични. Долги се од 69 до 81 см, просечниот распон на крилјата е 130 см, а тежат 0,87 - 1,94 килограми.[4]

Поведение

уреди

Големиот воден бик живее меѓу трски и кога ќе се вознемири, стои мирно во едно место, а главата и клунот ги крева нагоре. Ова поведение и бојата на перјата ја кријат птицата толку добро што е речиси невозможно да се види. Нив повеќе можеме да ги слушнеме отколку да ги видиме, зашто мажјакот испушта звук кој се слуша и на 5 км оддалеченост. Поактивни се во мугри и самрак. Се гледаат рано наутро додека летаат од или кон гнездото. Вратот кога летаат им е згрчен, а мавтањето со крилата брзо.

Размножување

уреди

Мажјаците се полигамни и имаат над 5 женки. Се гнездат во трската, а ги користат старите гнезда кои се 30 см во пречник. Гнездењето се случува доста рано, во март - април, се снесуваат 4-5 јајца кои ги лежи женката 25-28 дена. По испилувањето, малечките остануваат околу 2 недели со мајката, а потоа си заминуваат.

Исхрана

уреди

Се хранат со риби, жаби и други водени организми.

Наводи

уреди
  1. Botaurus stellaris. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 4 February 2009. Database entry includes justification for why this species is of least concern.
  2. The RSPB: Bittern
  3. „Eurasian Bittern, The Internet Bird Collection“. Посетено на 2009-02-16.
  4. Brazil, Mark, Birds of East Asia: China, Taiwan, Korea, Japan, and Russia (Princeton Field Guides). Princeton University Press (2009), ISBN 978-0-691-13926-5

Надворешни врски

уреди