Парна локомотива
Парна локомотива е вид на железничко влечно возило.
Основен принцип на работа на парната локомотива е искористување на енергијата на водената пареа парниот котел или топка пронајден уште во I век од научникот Херон Александриски.
Историја
уредиВистинскиот творец на локомотива на парен погон, која се движела по железни шини е англичанецот Џорџ Стивенсон (1781-1848 година). Првата негова парна локомотива е наречена „Блихер“ (Blücher) во 1814. Втората парна локомотива е конструира во 1825 која го има влечено првиот патнички воз на линијата од Стоктон до Дарлингтон во Англија. И легендарната трета парна локомотива со име „Ракета“ (Rocket) подобрена со принцип на греење на повеќе цевки, добивајќи сила да влече приближно 13 тони и брзина од 24 км/ч.
Принцип на работа
уредиПринцип на работа на парната локомотива е загревање на водата и нејзиното ширење на водената пареа постигнувајќи принцип на реакција.
Делови на парна локомотива
уреди1. Ексцентричен зглоб | 6. Повратно вратило | 11. Поврзувачка котва |
2. Ексцентричен лост | 7. Проширена врска | 12. Комбиниран лост |
3. Повратен лост | 8. Полупречникен лост | 13. Дршка на вентил |
4. Подигнувачка врска | 9. Крстач | 14. Вретенeст вентил |
5. Подигнувачко вратило | 10. Доводен вентил |
Особености
уредиПредности
- добра влечна сила – локомотивата развива голема влечна снага при мали брзини, а со зголемување на брзината се смалува.
- Едноставна промена на насоката на движење напред-назад.
- Едноставна конструкција и лесна за одржување.
- Можност на користење на различни врсти на горива (дрво, јаглен, нафта,..)
Недостатоци
- Лоша динамика – поради големите тркала.
- Лоша искористеност на горивото – јагленот од 6-12%.
- Ставање во погон или престанок на работа е околу 2 часа.
- Мал полупречник на движење – за надополнување на вода (секој 50-100km) и јаглен (секој 200-300km).
- Предолго задржување за снабдување.
- Неможност за поголеми брзини.
- Големо загадување на околината.
Поради сите наведени недостатоци во денешно време веќе не се во употреба парните локомотиви освен во поедини случаи како туристичка атракција.
Градители на парни локомотиви
уреди- Ричард Тревитик (Richard Trevithick) - првa експериментална парна локомотива
- Џорџ Стивенсон (George Stephenson) - прва практична парна локомотива
Надворешни врски
уреди- Пример за туристичка атракција каде се употребуват истите локомотиви (кај нас наречени „Пампур“) кои беа во употреба во Македонија до 1969 година.