Идејата на ширењето на водената пареа одамна е позната. Уште во први век во времето на Херон од Александрија е објаснет принципот на метална топка наполнета со вода и загревана на оган со два млазника во спротивна насока.

Херонова парна топка

Загреаната вода создава водена пареа која излегувајќи од млазниците ја придвижува топката во спротивен смер од насоката на излегувањето на пареата, или таканаречена појава - принцип на реакција.

Во 16 век е пронајден овој напис и од тогаш почнува нагло истражување на принципот на пареата и негова можна примена.

Францускиот физичар Денис Папен (1647-1714) (Denis Papin) со проучувањето на вакуумот, го создава „Папенов лонец“. Знаејќи дека вакуумот ја намалува точката на вриење, тој го применува обратниот принцип за добивање на поголем притисок од атмосферскиот.

Со таа идеја е отворено полето за изработка на првата парна машина.

Steam engine in action.gif

ПоврзаноУреди


  Ова е недовршена статија за пронајдок.
Можете да помогнете во нејзината  дообработка .