Параромски јазици
мешани јазици од ромски и неромски јазици
(Пренасочено од Параромски јазик)
Параромски јазици — поим којшто се употребува за означување на различните ромски говори. Мнозинството вакви јазици се мешани, односно како основа на јазикот главно е земен ромскиот, но во нив исто така е присутно и влијание од други јазици. Меѓутоа, има и јазици коишто не се мешани и како основа го имаат само ромскиот јазик. Парароманските јазици како основа главно ги земаат индоевропските јазици. Исклучоци се лајузе, кој како основа го има естонскиот, и ероминчела, кој како основа го има баскискиот јазик. Овие јазици се традиционални говори на ромските заедници[1] и се говорат наместо или заедно со ромските дијалекти.[2]
Јазици
уреди- Врз палеобалканска основа:
- Ломаврен (врз ерменска основа);
- Грчкоромски јазик (врз Грчка основа).
- Врз угрофинска основа:
- Врз германска основа:
- Англоромски јазик (врз англиска основа);
- Дански роди (на датской основе);
- Скандинавскоромски јазик;
- Синтиманојч.
- Врз романска основа:
- Калопортугалски ромски јазик (врз португалска основа);
- Калошпански ромски јазик (врз шпанска основа);
- Врз словенска основа:
- Сервицки дијалект (врз украинска основа);
- Ромскосрпски јазик (врз српска основа).
- Врз келтска основа:
- Валискоромски јазик;
- Шелта (во значителна мера содржи и јазични одлики од англискиот јазик).
- Други
- Ероминчела (врз баскиска основа);
- Татарскоромски жаргон (врз кримскотатарска основа).
- Немешани параромски јазици:
- Бохемискоромски јазик† (врз чешка основа);
- Калофински ромски јазик.
*† изумрен јазик
Наводи
уреди- ↑ Matras, Y. (2002). Romani: A Linguistic Introduction Cambridge University Press. ISBN 0-521-63165-3
- ↑ Matras, Yaron (5 October 2010). „Romani in Britain“. Edinburgh University Press – преку Google Books.