Грчкоромски јазик
мешан јазик од ромски и грчки
Грчкоромски јазик (грчки: Ελληνο-ρομανική) или ромскогрчки јазик — речиси изумрен мешан јазик со којшто се служат Ромите во Грција, а настанал преку јазичен допир на ромски и грчки. Јазикот се претпостасвува дека бил таен во Тесалија и Средна Грција.[2] Типолошки, јазикот се заснова на грчки со изразито позајмување зборови од ромски.[3] Се разликуваат два говори на овој јазик: доротика и калијарда. Доротика е таен јазик со којшто се служеле градежниците од округот Евританија, а калијарда е говор којшто се користел во Атина. Во обата случаи, јазикот веројатно не бил мајчин на оние кои го говореле.
Грчкоромски јазик | |
---|---|
Ромскогрчки јазик | |
Застапен во | Грција |
Говорници | ?[1] 30 (2000)[1] |
Јазично семејство | |
Дијалекти | доротика (во Евританија)
калијарда (во Атина)
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | rge |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Lewis, M. Paul, Gary F. Simons, & Charles D. Fennig, уред. (2015). Ethnologue: Languages of the World (18th. изд.). Dallas, Texas: SIL International.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ „Romano-Greek“. Ethnologue. Посетено на 10 февруари 2017.
- ↑ Ethnologue