Лајузе

мешан јазик од ромски и естонски

Лајуземешан од ромски и естонски којшто се зборувал во Естонија.[1]

Лајузе
Застапен воЕстонија
Изумреноколу 1940
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3нема

Историја

уреди

Ромите во Естонија за првпат пристигнале во XVII век. Според некои гласини, тие биле дел од ромскиот оркестар на шведскиот крал Карл XII којшто го основал откако поминал зима во замокот Лаис. Во 1841 година, сите 44 Естонски Роми биле собрани и населени околу Лајузеската парохија. Нивно главно стојалиште било селото Радувере, но тие исто така живееле во Раквере и Јигева. Пред Втората светска војна, во Лајузе имало 60 Роми.[2] Лајузе изумрел со германската окупација на Естонија кога сите негови говорници биле убиени од страна на нацистите во геноцидот на Ромите.[1][3]

Јазични одлики

уреди

Лајузе дели бројни јазични одлики со калофинскиот ромски јазик,[3] како и омекнување на заднонепчените согласки пред предните самогласки[4] и почетно стишување.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Smith, p. 365.
  2. „Laiuse mustlased“. eestigiid.ee. Посетено на 23 септември 2011.
  3. 3,0 3,1 Matras, p. 10.
  4. Matras, p. 49.
  5. Matras, p. 54.

Литература

уреди
  • Matras, Yaron (2002). Romani: A Linguistic Introduction. Cambridge University Press.
  • Smith, Norval (1994). „An annotated list of creoles, pidgins, and mixed languages“. Во Jacque Arends, Pieter Muysken & Norval Smith (уред.). Pidgins and Creoles. John Benjamins.