Попадија (Леринско)
Попадија (грчки: Παπαδιά, Пападија) — поранешно село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Од пописот од 1991 година жителите на ова село се опфатени во составот на селото Сетина, кон кое припаѓа[2] и самото село нема жители.
Попадија Παπαδιά | |
---|---|
Координати: 40°53′N 21°41′E / 40.883° СГШ; 21.683° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Сетина |
Надм. вис. | 900 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 0 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиПопадија е сместена на северозападните падини на планината Кајмакчалан, по течението на Стара Река. Селото се наоѓа на надморска висина од 900 м и од сите страни е опкружено со планински врвови. Во котлинското место на селото денес е вештачката акумулација „Попадија“.
Историја
уредиНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Попадија се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[3]
На 6 октомври 1907 година Попадија била нападната од андартските капетани Димитриос Папавиерос и Емануил Кацигарис, кои запалиле 12 куќи.[4]
Селото целосно настрадало во Грчката граѓанска војна при што повеќето од жителите се засолнале во Република Македонија, а дел во соседното село Сетина[2].
Селото е обновено во седумдесеттите години и во пописот од 1981 година е регистрирано со 17 жители, а од 1991 година жителите се евидентираат во Сетина.
Демографија
уредиНа почетокот на XX век според К’нчов селото броело 50 жители, а Милоевиќ наведува 20 македонски куќи. Движењето на населениото по години е следното[2]:
- 1913 - 73 жители
- 1920 - 98 жители
- 1928 - 135 жители
- 1940 - 149 жители
Личности
уредиРодени во Попадија
уреди- Вангел Димитровски (р. 1943) — македонски стоматолог
- Илија Попадиски (1861 – ?) — македонски револуционер од ВМОРО.
- Ристо Стојанов Канзуров (1886 – ?) македонски револуционер од ВМОРО. Учествувал во Илинденското востание. И соработувал со Илија Попадиски и Георги Поп Христов. Од 1946 година живеел во град Скопје.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 168.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.
- ↑ „ΣΤΟΧΟΣ“
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 797–806.