Панче Михајлов
Панче Михајлов (роден на 4 јули 1924 година во Скопје - починал на 29 ноември 2003 година во Скопје) — македонски новинар и публицист.[1]
Панче Михајлов | ||
Роден | 4 јули 1924 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 29 ноември 2003 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | новинар публицист |
Животопис
уредиМихајлов завршил Филолошки факултет во Скопје. Во новинарството стапил од 1946 година во „Млад борец“ и Радио Скопје. Бил главен уредник на неделникот „Спорт“. Во „Нова Македонија“ работил во периодот од 1951 сè до пензионирањето во 1988 година. Во текот на својот работен век бил соработник, уредник на Скопската и Внатрешно-политичката рубрика, коментатор. Во 1963 година станал еден од основачите на „Вечер“ и негов прв главен и одговорен уредник. Бил описник на „Нова Македонија“ од Софија, потоа главен и одговорен уредник на весникот и генерален директор на НИП „Нова Македонија“ (1982).
Публицистички трудови
уреди- „Меѓу три огна“
- „Павел Шатев – живот и дело“
- „Илустрирана историја на македонскиот народ“.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Михајлов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 972. Text "series " ignored (help)