Коста Георгиев Црнушанов (бугарски: Коста Георгиев Църнушанов; Прилеп, 23 јануари 1903 - Софија, 10 октомври 1996) — македонски општественик во Бугарија, деец на ВМРО, историчар, публицист и фолклорист.[1]

Коста Црнушанов
Роден 23 јануари 1903
Прилеп, Отоманско Царство
Починал 10 октомври 1996
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Коста Црнушанов е роден на 24 јануари 1903 година во Прилеп. Дипломирал филозофија и историја во Белград. Автор е на многу повести, историски романи и мемоари книги.

Еден е од основачите на ММТРО, младинската организација на ВМРО. Во 1928 година е во странство со цел да информира европската јавност за Скопскиот студентски процес. Во Виена издава весникот Ослободување. Во 30-те години на 20 век се преселува во Софија. Се враќа во Македонија за време на окупацијата во периодот 1941-1944 како училиштен инспектор.

Вклучувајќи се активно во работата на обновуваниот во мај 1990 година, Македонски научен институт, тој е еден од обновувачите на Институтот. Активно соработува на списание „Македонски преглед“. Умира во Софија на 10 октомври 1996 година.

Во 1998 година Коста Црнушанов е награден посмртно со наградата на Република Хрватска "Орден на Даница Хрватска со ликот на Марко Марулич".

Творештво

уреди
  • "Добрите српско-бугарски односи во минатото", Дирекција на уметноста при Министерството за информација и уметност, Софија, 1947.
  • "Учество на бугарското население од Македонија во Априлското востание", 1976.
  • "Српски и хрватски сведочи за бугарската народност во Македонија", Окружен музеј на Благоевград, Благоевград, 1978.
  • "Македонија во хрватско-бугарските односи низ вековите", 1991.
  • "Големиот бугарски преродбеник Митрополит Методиј Кусев: биографски очерк", 1992.
  • "Димитар Талев во моите спомени", 1992.
  • "Македонизмот и отпорот на Македонија на него", Унив. изд. "Св Климент Охридски", Софија, 1992.
  • "Многукратните изјави на националното самоопределување на македонските Бугари", Изд.Македонија, Софија, 1992.
  • "Придонес кон историјата на Македонската Младинска Тајна Револуционерна Организација", МНИ, Софија, 1996.

Наводи

уреди

Извори

уреди