Панде Ефтимов, родено име Панде Сотиров Ефтимов (Претор, 15 март 193213 август 2017, Софија) — македонски новинар, поет и општественик. Познат за откривањето на Битолскиот натпис.[1]

Панде Ефтимов
Роден 15 март, 1932
Претор, Кралство Југославија
Починал 13 август, 2017
Софија, Бугарија
Занимање новинар, активист

Биографија

уреди

Панде Ефтимов е роден во 1932 година во Ресенското село Претор, тогаш во Кралство Југославија.[2] Внук е на револуционерот од МРО, Панде Суџов. Основно школско образование добива во Претор, и за средношколско образование во гимназии во Ресен и после во Битола. За факултет отиде во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје кој беше поврзано со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[3][4] Од 1948 година е член на промакедонска нелегална организација, позната како ВМРО- ПРАВДА, заедно со Дане Поповски и Илија Христов од Царев двор, Григор Крстевски од Прилеп, Коста Смичков и други. Во 1949 година учествува во конгресот на ВМРО-ПРАВДА во Стари град. Покрај почетокот на 1950-тите почна да работи како учител во Стрежево, Лера, Дихово, Цапари и Долно Дупени.[3] Од 1960 година е новинар во Радио Скопје, а потоа - во весникот „Народна просвета“.[3]

Учествувал во други патриотски групи, со главна цел да се формира Независна Македонија, заради тоа тој е уапсен и затворен од страна на Југославската влада. Во 1955 и 1957 година без суд и казна влегува во затвор.[3] во 1972 година е осуден за криминалски дејности и биле казнат за три години во затвор.[5] Но кога Македонија добила независност тој бил ослободен. До 1992 г. не добива лични документи лична карта или пасош.[6] После 1986 година учествува во процесот на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.[7] Во 2001 година објавува две книги со поезија. Умира на 13 август 2017 г. во Софија после различни болести.[8][9] На 25 јуни 2018 г. посмртно е награден со орденот „Стара Планина“ втора степен.[10]

Наводи

уреди
  1. Камъкът на страха
  2. Стоянова, Вержиния. Българи от близката чужбина Македония, Албания, Сърбия, Румъния, Молдова, Украйна, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр.43
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 10.
  4. Панде Ефтимов: Българските войници са погребвани в македонските села, защото са се били за своя земя, на своя земя, Агенция Фокус
  5. Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 291-292.
  6. Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 113, бел. 154.
  7. Жестока реторика меѓу основачите на ВМРО-ДПМНЕ, в. Утрински весник, 02.09.2012 г.
  8. Почина един от най-големите пазители на българщината в Македония – Панде Ефтимов
  9. На 85 години си отиде Панде Ефтимов – един от най-големите пазители на българщината в Македония
  10. Указ № 165 за награждаване посмъртно на Панде Сотиров Ефтимов с орден „Стара планина“ втора степен