Палестина (автономни територии)
- За регионот видете Палестина.
Палестинските територии сочинуваат два региона (автономни територии) во Блискиот Исток, и тоа:
- Западен Брег (5.640 км2 копно и 220 км2 вода)
- Појас Газа (360 км2 )[1]
Овие територии биле под управа на Британскиот мандат Палестина, потоа окупирани од страна на Јордан (Западен Брег) и подоцна од Египет (појас Газа), за на крај, двете територии да бидат окупирани од Израел.
Првпат како суверена држава, Палестина била признаена во 1968 од страна на СССР, а со текот на времето, нејзината државност ја признале вкупно 135 држави. Во ноември 2012 година, Палестина добила статус на држава-набљудувач во Обединетите нации. Во 2014 година, Шведска официјално ја признала државноста на Палестина, а на почетокот на ноември 2014, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, изјавила дека во рок од пет години, ЕУ би можела да ја признае Палестина како независна држава.[2]
Административна поделба
уредиСогласно Договорот од Осло, Палестинските територии Западен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (Б, Б и В) и 16 области под Палестинска Самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската Самоуправа - едната на Западниот Брег, а другата во Појасот Газа.
Име | Население (2007)[3] |
Површина (км2) |
Густина (жит/км2)[4] |
---|---|---|---|
Западен Брег | 3.269.700 | 5.671 | 417,86 |
Појас Газа | 1.816.539 | 360 | 3.934,83 |
Вкупно | 5.086.239 | 6.031 | 627,80 |
Западен Брег
уредиОбласт[5] | Население[5] | Површина (км2)[5] |
---|---|---|
Џенин | 556.212 | 583 |
Тубас | 88.771 | 372 |
Тулкарм | 358.213 | 239 |
Наблус | 586.380 | 592 |
Калкилија | 100.753 | 164 |
Салфит | 79.464 | 191 |
Рамала и ел-Бира | 548.018 | 844 |
Ерихон | 81.724 | 608 |
Ерусалим (вклуч. Источен Ерусалим припоен од Израел) |
462.521 | 344 |
Витлеем | 376.515 | 644 |
Хеврон | 751.129 | 1.060 |
Вкупно | 3.609.700 | 5.671 |
Појас Газа
уредиОбласт[5] | Население[5] | Површина (км2)[5] |
---|---|---|
Северна Газа | 270.245 | 61 |
Газа | 696.410 | 70 |
Дејр ел-Бала | 205.534 | 56 |
Хан Јунис | 370.979 | 108 |
Рафа | 273.371 | 65 |
Вкупно | 1.816.539 | 360 |
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-07-06. Посетено на 2009-11-17.
- ↑ „ЕУ ќе ја признае Палестина?“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 14.
- ↑ . "Факти и информации за Палестина: Население". Палестинско академско друштво за изучување на меѓународните односи. (консултирано на 24 октомври 2012) Архивирано на 24 септември 2012 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-09-24. Посетено на 2013-03-13. (англиски)
- ↑ Во 2010 г, вкупата густина е зголемена на 681 жит/км2.
- ↑ Отиди кај: 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Окупирана палестинска територија: Административни единици“. GeoHive. Посетено на 24 октомври 2012. (англиски)